Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина
СВЕТ

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина

Објавено May 6, 2026 21:49
Сподели
Сподели

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е подготвена за „продуктивни преговори“ за Украина, но само доколку тие доведат до конкретни резултати.

Захарова за агенцијата РИА Новости изјави дека Москва и понатаму е отворена за преговарачкиот процес и контакти, но оти инсистира на „вистински резултати“. Таа додаде дека западните лидери, според руската оценка, се сè повеќе фокусирани на други глобални кризи, вклучувајќи ги и конфликтите на Блискиот Исток.

Захарова повтори дека Русија не се откажала од учество во разговорите за можниот мировен план предложен од САД, но дека и понатаму ја доведува во прашање подготвеноста на Украина за преговори. Како што наведе таа, Москва останува на ставот дека за долгорочно решение е потребно да се отстранат, како што тврди, „причините за конфликтот“, вклучувајќи ги безбедносните прашања и проширувањето на НАТО.

Захарова, исто така, предупреди и на можноста за „провокации“ против руските дипломатски претставништва во Европа околу 9 мај, наведувајќи дека руските служби се подготвени за такви сценарија и оти очекуваат одговорност од државите домаќини во обезбедувањето на сигурноста на дипломатите.

Секојдневно сме подготвени на провокации, бидејќи тие се случуваат практично секој ден, ваму и таму. Сите сме ги виделе и ментално сме подготвени на нив. Видовме до кој степен овие непријателски режими дегенерираа – рече таа.

Таа додаде дека во текот на претходните години биле забележани поединечни инциденти за време на одбележувањето на Денот на победата во странство, но без поголеми нарушувања.

Имаше, има и, за жал, ќе има провокации. Дали сме подготвени? Да, апсолутно – заклучи Захарова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жешки капки од сунѓерот на „Пулс“ пронајдени на облеката на Андреј
Следна Статија Ракометарот на Монпеље се опоравува од пукнатиот нос во „Јане Сандански“ (ФОТО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бајден тешко болен, откриен му е рак на простатата кој метастазирал

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностициран рак на простатата, се вели во соопштението од неговиот кабинет во…

May 19, 2025
СВЕТ

(ВИДЕО) Илон Маск говорникот на предизборната кампања: Само АфД може да ја спаси Германија

Изборната кампања „Алтернатива за Германија“ (AfD) е во полн ек, а еден од говорниците на митингот е милијардерот Илон Маск,…

January 26, 2025
СВЕТ

Лајчак, кој се најде во документите на Епштајн беше голем пријател на Заев и Димитров, а даде поддршка и на Договорот од Преспа

Поранешниот словачки министер за надворешни работи Мирослав Лајчак ја напушта позицијата советник на премиерот Роберт Фицо. Одлуката следува по објавувањето…

January 31, 2026
СВЕТ

Трамп воведе нови царини: Камбоџа, Бангладеш, Србија и Босна поминаа најлошо

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе високи, единствени царини за увоз од најмалку 14 земји почнувајќи од 1…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?