Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Живковски: На најмалку пет геодетски фирми им се одземени лиценците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Живковски: На најмалку пет геодетски фирми им се одземени лиценците
МАКЕДОНИЈА

Живковски: На најмалку пет геодетски фирми им се одземени лиценците

Објавено September 21, 2025 09:55
Сподели
Сподели

Внатрешната контрола на Агенцијата за катастар на недвижности им ги одзела лиценците на најмалку пет геодоски фирми во државата. Причината за тоа се неприкажување на реална фактичка состојба на терен, вели директорот Иван Живковски во интервју за Радио Слободна Европа.

Господине Живковски, зошто досега не беше ставен во функција регистарот на цени и закупнини на недвижности, кој што требаше да им oвозможи на граѓаните приближно точна информација за реалната состојба на пазарот со недвижности?

Ние повторно го ставивме во функција самиот регистар, кој што морам да напоменам дека ни е законска обврска. За жал, од претходното раководство на Агенцијата за катастар на недвижности, секторот за масовна проценка кој што го работи овој дел, овој регистар, во минатото има добиена насока да се престане со работа на регистарот.

Зошто било тоа така, за жал, се уште не може да добиеме конечен одговор, но позитивното во целата ситуација е што ние повторно имаме функционален регистар. Во моментов работиме и на надградување на опциите и параметрите по кои што се изработува истиот и очекуваме дека со редовно објавување на сите квартални извештаи, како и годишен извештај, дека ние ќе придонесеме на некој начин да се „заузда“ условно и народски кажано пазарот на недвижности кој што отиде во непосакуван правец, особено во изминатите 18 месеци.

На кого мислите дека му одговара да нема јасна и точна слика за состојбата на пазарот со недвижности? Кој добива од ваквата ситуација според вас?

Па видете, јас знам кој губи. Губат сите, губат пред се граѓаните, затоа што на пазарот на недвижности, особено по оние познати интернет продавници и агенци за недвижности, се објавуваат огласи со неразумни и нереални цени.

Меѓутоа, она што се случи на самиот пазар на недвижности во изминатите особено 18 месеци, па и можам да кажам и две години, имавме енормен скок на цените, особено на купопродажбите.

Тоа секако е на штета на сите граѓани, на сите жители на Р. Македонија, меѓутоа и на правните лица кои што имаат потреба од свој објект, деловен објект.

Што значи само на инвеститорите, ова им одговара?

Генерално, да. За жал, им одговара само на инвеститорите. Меѓутоа, наша цел и обврска законска е будно да го следиме пазарот на недвижности, да ги објавуваме сите анализи кои што ги имаме. Правиме анализа и за тоа што се случува и на пазарите околу нас, чисто една споредбена анализа за да видиме во која насока ќе се движи нашиот пазар.

Што мислите која беше причината за, како што велите во овие две години, за енормниот раст на цените? Дали можеби необјавувањето на регистарот имаше некаква улога во тоа?

Не мислам дека директно влијало во однос на покачувањето на самите цени. Меѓутоа, индиректно, кога вие немате реална перцепција и реална слика што се случува со пазарот на недвижности, тогаш може само да се заменуваат информации, да добивате врз база на шпекулации, на интернет информации, на интернет портали и така натаму, што не генерира реална слика за пазарот на недвижности.

До каде е постапката за воспоставување на едиствен регистр за државен недвижен имат?

Таа постапка е во тек. Ние сме вклучени во тој процес. Сите обврски кои што ги имаме добиено од страна на владата на Р. Македонија како Агенција за катастар, од наша страна се исполнети. Сега останува сите други институции да ги достават бараните податоци и подоцна да се наполни самата база со потребните информации за да се воспостави тој единствен регистар.

Неодамна во интервју за Бирн Призма изјавивте дека сте одзеле лиценци на пет-шест геодетски фирми. За какви прекршоци станува збор?

Ние сме надлежни за вршење на контрола на геодетските фирми. Имаме два типа на контроли, ако можеме така да се изразиме. Имаме редовни контроли кои што секторот за внатрешна контрола при Агенцијата ги врши. Тоа се најавени контроли и се редовни контроли за да видиме дали самите геодетски фирми ги исполнуваат условите, дали работат согласно закон.

Во поглед на вонредните контроли, најчесто се прават по добиена преставка. Најчесто за оние прекршаци кои што се одземени лиценци е за неприкажување на реална фактичка состојба на терен.

Повеќе на РСЕ

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани
Следна Статија Срамна одлука на ИААФ: Американците помилувани, ќе трчаат бараж за штафетно финале

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје започнаа сослушувањата на законските застапници на жртвите во пожарот во „Пулс“

Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ започнаа денеска и се одвиваат со предвидената…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо

Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на…

November 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на отворање нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Груевска: Не може јазик што не го разбираат 75 % од населението во Македонија да биде на исто рамниште со македонскиот

За Законот за употребата на јазиците Прво, Македонците во Македонија не се етничка заедница, па Албанците да бидат втора., како…

December 10, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?