Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жителите на Лагадин бараат итна реакција: Инвеститорот по дивоградбата сега ја „намерил“ и плажата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Жителите на Лагадин бараат итна реакција: Инвеститорот по дивоградбата сега ја „намерил“ и плажата
МАКЕДОНИЈА

Жителите на Лагадин бараат итна реакција: Инвеститорот по дивоградбата сега ја „намерил“ и плажата

Објавено September 7, 2025 10:31
Сподели
Сподели

Здружението на граѓани за заштита на Лагадин денеска испрати отворено писмо до министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, барајќи итен инспекциски надзор поради најавата дека инвеститорот на спорниот хотел во населбата, Никола Толевски, планира да заземе и дел од просторот на плажата.

Жителите потсетуваат дека проблемот со објектот на „Дебој инженеринг“ трае со години, при што хотелот е изграден спротивно на законите за градење во заштитениот крајбрежен појас и без почитување на препораките на УНЕСКО. Тие го цитираат и поранешниот премиер Зоран Заев, кој уште во 2018 година за овој проект изјави дека „за чичко Никола не може да биде ‘Не!’, мора да биде ‘Да!’“.

Според здружението, инвеститорот во меѓувреме нелегално додал уште еден кат, изградил дополнителни простории и тераси, узурпирал дел од улицата кон населбата и зазел две државни парцели. Иако против него се поднесени повеќе кривични пријави за нелегално градење и узурпација на јавен простор, жителите велат дека тој „се однесува како никој ништо не може да му направи“ уште од 2017 година.

„Со најавата за узурпација на плажата, состојбата станува неподнослива и се загрозува еколошкиот амбиент на охридското крајбрежје“, стои во реакцијата. Жителите бараат министерот Николовски и градоначалникот итно да спречат какви било дополнителни интервенции околу дивоизградениот хотел.

Извор: 24инфо.мк

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стопанската комора на терен, ќе се помага на компанијата Макпрогрес
Следна Статија Избегнат поголем инцидент на протестот во Аеродром: Алкохолизирано лице со електричен тротинет влетало во толпа граѓани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски на средба со ЗЕЛС: Нашата цел е да има рaзвој на општините, да имаат подобри услуги за граѓаните

Училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи кои се во 100 проценти сопственост на општини и државата ќе можат да…

November 15, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кандидатите за Програмскиот совет на МРТВ ги образложија кандидатурите пред собраниската комисија

Во продолжението на 26-тата седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата се расправаше за кандидатурите на кандидатите…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Водокрст – строг пост, а треба да ги направите и овие обичаи

На 18 јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува…

January 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по победата на Трамп очекува уште поголемо зајакнување на исклучително добрите односи со САД

Премиерот Христијан Мицкоски очекува уште поголемо зајакнување на, како што посочи исклучително добрите односи меѓу македонските граѓани и граѓаните на…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?