Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Жител на Чучер Сандево се заканувал дека ќе ги убие сопругата и двете ќерки, полицијата нашла пушка и 70 куршуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Жител на Чучер Сандево се заканувал дека ќе ги убие сопругата и двете ќерки, полицијата нашла пушка и 70 куршуми
ХРОНИКА

Жител на Чучер Сандево се заканувал дека ќе ги убие сопругата и двете ќерки, полицијата нашла пушка и 70 куршуми

Објавено January 16, 2026 15:21
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 13 јануари, во својот дом во Чучер Сандево, неовластено држел автомат STEN MKII кое на граѓаните им е целосно забрането, како и 71 куршум муниција со калибар 9 mm Para соодветна за испалување од тоа автоматско оружје.

-Оружјето и муницијата биле пронајдени во домот на осомничениот, откако неговата сопруга за тоа ги известила полициските службеници кои дошле во домот по пријава дека осомничениот и се заканувал нејзе и на нивните две ќерки родени 2006 и 2010 година дека ќе ги убие. Најпрво закани упатувал кон жената дека ќе ја запали, а потоа ја искршил покуќнината и со нож им се заканил и на ќерките. Поради ваквите дејствија со кои предизвикал чувство на загрозување и страв кај оштетените, тој е осомничен и за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст
Следна Статија Николоски: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајдено е беживотно машко тело во Охрид – лицето беше пријавено за исчезнато на 4 декември

Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска соопшти дека безживотно тело на машко лице завчера попладнето било пронајдено во поранешните…

December 8, 2025
ХРОНИКА

Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост

Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или…

March 3, 2025
ХРОНИКА

Уценувал скопски бизнисмен за 300.000 евра, уапсен при примопредавање на парите

Маж со босанска патна исправа, идентификуван како Владимир Сологуб (58) од Босна и Херцеговина, бил уапсен во Скопје поради сомнение…

October 9, 2025
ХРОНИКА

Кешишов се прекрстува, па тргаат: Снимките покажаа што правеле обвинетите за убиствата на Вања и Панче – Палевски со слушалка, Манев држи балони

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основниот Кривичен суд Скопј, при презентацијата на камерите…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?