Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст

Објавено January 16, 2026 14:16
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните компании, како и од остварениот раст во делот на инвестициските активности кај домашните капацитети.

Тој денеска во изјавата дадена за медиумите во Кратово истакна дека од предвидените 250 милиони евра за таа намена досега преку развојната банка на компаниите им се префрлени некаде околу 225 милиони евра.

– Тоа е тој кредит што условно кажано го субвенционира Владата, со каматна стапка од 1,95 проценти, три години грејс-шериод и до 15 годни рок на отплата. Очекувам веќе во првиот квартал оваа година тој да биде целосно исцрпен, заедно со сопствените средства што банките ги инвестираат во развојните проекти на компаниите како поддршка на стопанството и економијата, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст.

– Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па и цела 2025 година е двоцифрен број проценти, споредено со истиот период во рамките на еврозоната тој е два, два и пол проценти, така што јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени, рече Мицкоски.

Премиерот денеска престојуваше во работна посета на Кратово, каде ја посети целосно реконструираната голема спортска сала.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мисајловски: Нова сила и иднина на Армијата, свечена заклетва на 300 новопримени професионални војници
Следна Статија Жител на Чучер Сандево се заканувал дека ќе ги убие сопругата и двете ќерки, полицијата нашла пушка и 70 куршуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е компаниите да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банки

Комуникацијата со банките продолжува. Се очекува од нивна страна да се произнесат во однос на каматната стапка и нивната можност…

November 19, 2024
ЕКОНОМИЈА

Се разгледуваат три модалитети за решавање на проблемот со превозниците, вели Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски вели дека во моментов се разгледуваат три можни опции како да се реши…

February 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Еу ги отфрли сите предлози на превозниците од регионот, можна е ескалација со блокади

Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози испратени од земјите од Западен Балкан со цел да се најде компромис за…

February 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку…

December 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?