Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка, судењето продолжува со завршни зборови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка, судењето продолжува со завршни зборови
МАКЕДОНИЈА

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка, судењето продолжува со завршни зборови

Објавено December 16, 2025 14:44
Сподели
Сподели

По барање на јавната обвинителка, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одложено судското рочиште против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол и уште неколку вработени во затворот, обвинети за овозможување спровод на осуденици за приватни потреби, пренесе МИА.

На почетокот на денешното рочиште беа доставени листите на докази, со што заврши доказната постапка и судскиот процес требаше да продолжи со изнесување на завршни зборови. Сепак, по барање на јавната обвинителка, рочиштето беше одложено и презакажано за 26 декември.

Како што беше образложено од страна на јавната обвинителка, барањето за одлагање е заради подготовка на завршниот збор, како и поради неодложни обврски во рамки на нејзиното постапување во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). – Барам одлагање заради припрема на завршен збор, воедно имам итна работа во рамките на моето постапување во ОЈО ГОКК кое не трпи одлагање, рече обвинителката.

Андов и уште неколку вработени во затворот се обвинети дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби. Претходно пред Судот тие изјавија дека не се чувствуваат виновни, додека Обвинителството дел од нив ги гони за злоупотреба на службената положба, а дел за несовесно работење во службата.

Осомничените, како што се наведува во соопштението на Обвинителството, во периодот од март до јули 2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија при вршење на нивните овластувања, при што на петмина осуденици им овозможиле погодности кои, согласно судските одлуки, не им следувале.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ бара оставка од директорката на ГАК поради смрт на новороденче
Следна Статија Со месеци се без плата – вработените во пералната на Клинички оставени на милост и немилост

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок

Просечната оценка на успехот од полагањето на двата екстерни испита од државната матура во јуни е 3.69. Министерката за образование…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во среда Европскиот парламент ќе гласа за извештајот за Македонија

Во Стразбур од денеска до четврток ќе се одржи заседание на Европскиот парламент, на чиј дневен ред покрај други теми,…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дранго ќе биде разрешен ако се потврдат тврдењата за убиството на мечката, најави Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави разрешување на заменик-директорот на „Македонија пат“ ако се докаже дека ја убил мечката со која што…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите

Имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?