Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши постапката по јавниот тендер за трет мобилен оператор, конечната одлука на АЕК по изборите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Заврши постапката по јавниот тендер за трет мобилен оператор, конечната одлука на АЕК по изборите
ЕКОНОМИЈА

Заврши постапката по јавниот тендер за трет мобилен оператор, конечната одлука на АЕК по изборите

Објавено September 11, 2025 12:44
Сподели
Сподели

Агенцијата за електронски комуникации објави дека заврши постапката по јавниот тендер за доделување радиофрекфенции за трет мрежен оператор во државава, на кој што единствен понудувач е „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. По одлуката за завршување на постапката директорот на АЕК, по завршување на Локалните избори закажани за 19. следниот месец, треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач.

По јавното отворање на понуди на 22 август, Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање изготви извештај со соодветен предлог со директорот на АЕК. Согласно Законот за електронски комуникации во рок од три дена од приемот на извештајот директорот носи одлука за завршување на постапката по јавен тендер со јавно нададвање. Следен чекор е по завршување на изборниот процес директорот да донесе одлука за избор на најповолен понудувач, информиаа за МИА од АЕК.

Во Одлуката што ја објави АЕК на својата веб страница се наведува дека согласно член 138 став 2 од Законот за електронските комуникации, Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање за радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz состави Записник за постапката на отварање на понуди по Јавен тендер со јавно наддавање со архивски број 0201-1103/24 од 22.08.2025 година и врз основа на член 139 став 3 од Законот за електронските комуникации, достави Извештај од извршено разгледување на понуди со архивски број 0201-1103/26 од 27.8.2025 до директорот.

Имајќи предвид дека со Извештајот од извршено разгледување на понуди од Комисијата за спроведување на јавен тендер со јавно наддавање за радиофреквенциските опсези 700 MHz, 1800 MHz и 3.х GHz број 0201-1103/26 од 27.08.2025 година е утврдено дека се јави само еден понудувач, согласно член 140 став 4 од Законот за електронските комуникации, директорот донесе Одлука дека постапката по Јавниот тендер со јавно наддавање е завршена, се вели во Одлуката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопската зоолошка сподели тажна вест: Европскиот бизон кој имаше 17 години утрово угина
Следна Статија „ШУКОВА И ЗАЕВ УШТЕ ВО 2020 ГОДИНА ВЕТУВАА РЕШЕНИЕ ЗА ВАРДАРИШТЕ“ Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Вработувањата во државните институции не се атрактивни за младите

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека треба да се почитуваат законите, вклучително и Законот за јазиците, а за непочитувањето на овој…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Дискриминацијата на бремените жени се уште е проблем: Поради мајчинството, остануваат без работа ако се на договор на дело

Да се овозможи примена на регулативата што го третира мобингот со кој се соочуваат жените во државата и да пријавуваат…

June 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

ВИДЕО: Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. Пуштањето во…

July 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нова инвестиција: Швајцарска фармацевтска компанија влегува во Македонија, 500 добро платени вработени

Приоритет на оваа Влада е привлекување на нови странски инвестиции. Инвестиции и нови работни места, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?