Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС

Објавено August 11, 2025 13:20
Сподели
Сподели

Јас би сакал сите работници да земаат не 500, туку 1 000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет (ЕСС). Упатувам порака до вистинските синдкалци, да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злоупотребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, рече денеска Премиерот Христијан Мицкоски.

Како што напомена Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Петровец, се додека нема договор меѓу синдикалците и работодавачите, не може да се носи нов закон, особено не сега, во период на предизбори.

Според премиерот, услугите се клучната причина за раст на инфлацијата. Платата просечно расте 11 отсто на ифлација од 4,5 отсто и нето платата е порасната.

-Јас повикувам на дебата. Ова не е тема што се политизира, туку тема што треба да се дискутира во рамки на институциите. Не е ова тема за политички поени, „аха, види го сега овој, овој е дарежлив, а овој не“. Не е ова таква тема, туку се седнува и се разговара. На последната седница на ЕСС видовме различни ставови кај работодавачите и синдикатите, не но не гледам непремостливи разлики. Во конструктивен разговор ќе се изнајде решение кое ние како Влада ќе го почитуваме. Упатувам порака до синдикалците, има таму неколкумина кои се политички активни во опозицијата, но зборувам за вистинските синдикалци – да излезат од политичката реторика зашто политичарите од опозицијата ги злопутребуваат и да зборуваме за вистински синдикални права, напомена Мицкоски.

Тој потсети дека Владата како најголем работодавец постигна договор за раст на платите во образованието, здравството, МВР, МО,…, буквално во сите институции и повеќе нема таков, како што рече, со плата еднаква на минималната.

-Останатиот дел е дијалог меѓу другите два партнера, работодавачите и синдикатите. Во однос на инфлацијата, ќе повторам дека услугата е главниот „драјвер“ на зголемената инфлација, а таа ќе расте се додека има кој да ја плати. Кога ќе престанат граѓаните да ја плаќаат, тогаш ќе паднат и цените во услужните дејности и тука ние како Влада не можеме да интервенираме, подвлече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Горивата со пониски цени од полноќ
Следна Статија Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

Министерството за финансии денеска или најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди…

June 16, 2025

Преуредете го вашето работно место со 60$ попуст на Anker Prime станица за докување

Поврзете до три монитори одеднаш и зголемете ја вашата продуктивност

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Пазарни вести на 23 јануари 2026: Dow паѓа; Акциите на Intel паѓаат

Доларот паѓа во однос на јенот, додека цените на златото достигнаа рекордно ниво

January 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Нова граѓанска обврзница на почетокот на декември, најавува министерката за финансии

Нова граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во изминатиот…

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?