Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности
ЗДРАВЈЕ

Стоматолошка комора: Имавме неколку контроли, не беа констатирани неправилности

Објавено August 11, 2025 14:24
Сподели
Сподели

Имавме неколку контроли и не беа констатирани неправилности, изјави на денешната прес-конференција, претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски. Прес-конференцијата следи откако министерот за здравство Азир Алиу во саботата информираше дека Министерството за здравство ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора.

Прво, бидејќи јавните овластувања согласно Законот за здравствена заштита, член 262, се многу широк поим и за поголемиот дел од страна на комисијата формирана од министерот за здравство воопшто нема ни вршено надзор, ниту пак која било комисија или кој било министер се имаат произнесено на кој било начин, Комора не може да знае зошто и во кој обем е т.н. времено одземање до исправање на неправилностите, односно да ги цитираме неговите зборови „до стишување на работите во Комората”, кажа Денковски.

Беше посочено дека минатата недела имале интензивна комуникација со министерот за здравство, Алиу.

Заклучокот беше дека, доколку има неправилности, Комората секако ќе ги вложи сите напори да се исправат. Исто така, сакаме да посочиме дека во меѓувреме, во наведениот период, за работењето на Комората се направени неколку надзори и контроли од страна на Министерството за здравство, ДСЗИ, Управа за јавни приходи, разни државни инспекторати и агенции и сл. и согласно записниците од направените надзори и контроли кои ги поседува Комората, нема утврдени неправилности во кој било сегмент во работењето на Комората, па ниту во делот на јавните овластувања кои се доделени со закон, наведуваат од Комората.

Денковски ги демантираше наводите дека на Комората и биле дадени насоки од министер, а дека таа не постапила.

Информираме дека нема вистина во тоа и не е точно дека Комората не постапила, беше истакнато на пресот.

Притоа беше нагласено дека Комората веќе во текот на април постапила согласно насоките на министерот за здравство по сите точки кои биле наведени на пресот, за што, како што беше подвлечено, имале и документи и писмени докази.

Беше најавено дека уште денеска, претседателот Денковски ќе ги повикал на разговор и консултација претходните претседатели.

За да го слушнеме и нивното мислење, зошто по она што знаеме засега, се работи за некои „незаконски” постапки на Комората уште од 2016 година, па дури и порано, односно од 2006 година. Исто така, ќе се направи средба со Лекарска комора зошто ако кај нас, во стоматологија, т.н. „незаконска” едукација вршеле околу 15-ина, како што беа наречени, нерегистрирани здруженија, во Лекарската комора, во системот на Континуирана медицинска едукација учествуваат или учествувале над 80 такви здруженија – меѓу кои доминираат членки на Македонско лекарско друштво, беше кажано на прес -конференцијата.

Понатаму, беше посочено дека се планирааат свикувања на вонредни седници на Извршниот одбор и на Собранието на Комората.

По што, ќе ги информираме и членовите на Комората и медиумите, како и пошироката јавност, за официјалниот став, бидејќи согласно актите на Комората, само Собранието има надлежност за истиот. На крајот времето ќе покаже каде е вистината. Сите ние во Комората сме спремни на сите последици доколку имаме згрешено, но исто така доколку се потврди дека Комората нема финасиски или други криминали, сосема реално е да бараме и очекуваме јавно извинување до целокупната македонска јавност и целокупното членство на Комората, затоа што Комората постои и се состои од нејзините членови, докторите на стоматологија, беше потенцирано на прес-конференцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС
Следна Статија Никола Серафимов потпиша за Левски Софија: Македонскиот репрезентативец ја продолжува кариерата во Бугарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Никотинот во македонските училишта: 13,6% од учениците користат тутунски производи

Никотинот во училиште станува сè повидлив проблем откако национално истражување спроведено во 2024 година во 75 училишта, со опфат од…

February 27, 2026
ЗДРАВЈЕ

Редовно јадете ореви за да бидете попаметни

Изборот на појадок може да ја подобри функцијата и способностите на мозокот, според новите испитувања, се чини, особено ако во…

February 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Десет тони опасен хемиски отпад со години чуван во Институтот за јавно здравје

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) повеќе од една деценија биле складирани околу 10 тони опасен хемиски отпад, кој претставувал…

March 5, 2026
ЗДРАВЈЕ

Германските научници пронајдоа антитело против ХИВ

Од 1981 година, кога болеста стана позната, СИДА-та одзеде 44 милиони животи низ целиот свет. Се смета за една од…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?