Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“
ЗАБАВА

Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“

Објавено October 26, 2025 12:26
Сподели
Сподели

Заврши 40.јубилејно издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип. Третата фестивалска вечер беше резервирана за безвременските песни, хитови кои беа испеани низ изминатите четири деценции на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Организаторот, односно градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на основачот на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ му врачи признание за животно дело. Со многу овации, емоции, солзи, неколку минутен аплауз публиката му одаде почит на Стојан Троицки. Признанија добија и уметничките директори на фестивалот „Макфест“, кои во изминатите 40 години биле дел од него.

На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип синоќа во еден глас публиката пееше 16 безвремнските хитови, меѓу кои „Осамен“ на Трајче Манев, „Признавам“ на Маријана и Росана, „Моја гитара“ на Гиш. Питер Џон Босе со „ Самба во Штип“, „Ангели ме носат“ на Силви бенд, „Свирете ја зајди, зајди“ на Олгица Христовска, потоа „Сонце за три светови“ на Мики Јовановски Џафер, „Твоите очи сини“ во емотивна изведба на Тања Кочовска, Владо Јаневски со „Еден бакнеж“, Коки Јанков „Виолина и гитара“. Во еден глас публиката и Ристо Самарџиев ја пееја „Таму кај што си“, потоа „Љубов се пишува“ на Бојана Скендеровска, Јован Јованов и Маја Саздановскси хитот „Магија и Ти ме сакаш знам“. Публиката се потсети и на хитовите „Тања“ во изведба на Емил Канаваро и Дарко Андонов, „Не планирам“ на Ламбе Алабаковски и вечерта заврши со „Бела“ на Пајак и Лара.

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ по повод 40. годишниот јубилеј не ги заборави и луѓето кои низ годините се зад сцената и новинарите и медиуми, на кои им беа врачени признанија, статуетки, а меѓу кои и на државната агенција МИА, која е со најстариот и единствениот Фестивал на забавни мелодии „Макфест“ во изминатите децении.

Штип во изминатите три денови живееше во ритамот на „Макфест“, на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ беа испеани нови 27 композиции. „Макфест“ на јубилејното издание покажа дека останува симбол на Штип и на македонската песна. Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Штип, Министерството за култура и општествено-одговорни компании. И оваа година водители на „Макфест“ беа шармантните Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Роми претепаа човек до смрт во Ново Место: Насилството ги крена Словенците на нозе
Следна Статија Лукровски: Карпош е заробен од истите интереси кои зелените површини ги претворија во градилишта, доста е од лажни зборови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Леонардо ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден, на забавата цела холивудска елита (ФОТО)

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден. Во оваа прилика тој одржа голема забава во својата приватна…

November 12, 2024
ЗАБАВА

Сони ДуалСенс Еџ контролерот на најниска цена досега за Црн Петок

Сони ги намалува цените на професионалниот ДуалСенс Еџ контролер, нудејќи извонредна можност за љубителите на видео игри да го надградат…

November 29, 2025
ЗАБАВА

Човек висел 70 километри на воз кој возел со брзина од 282 км/ч

Маж се залепил за надворешната страна на брз воз во Германија кој се движел со брзина до 282 км/ч и…

January 18, 2025
ЗАБАВА

Почина најстарата личност на светот, имаше 116 години: Таа ја откри тајната на нејзината долговечност

Најстарата личност на светот, калуѓерката Ина Канабаро Лукас, почина во среда на 116 години, откако едвај го преживеа детството и…

May 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?