Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај
ХРОНИКА

Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај

Објавено May 12, 2025 14:00
Сподели
Сподели

Во Основниот суд во Тетово денеска се одржаа завршните зборови на Обвинителството, одбраната, обвинетите и правните застапници на оштетените семејства во рамки на повторниот судски процес во кој обвинети се двајца директори и тетовската болница во врска со пожарот во модуларната болница на 8 септемврри 2021 година при што животот го загубија 14 лица. Директорите Флорин Бесими и Артан Етеми и ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, како правно лице се обвинуваат за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“.

Претставникот на Обвинителството посочи дека со изведените материјални и вербални докази и сведочења обвинетите ги сториле кривичните дела и побара судот да ги огласи за виновни. Според Обвинителството, двајцата обвинети директори имале обврска да постават противпожарни апарат, а тоа не го направиле според пропишаните прописи.

Кон завршните зборови на Обвинителството се приклучија адвокати кои имаа полномоштво за застапување на семејствата на луѓето кои ги загубија животите во пожарот и повредните пациенти. Тие во нивно име побараа од судот да ги насочи за надомест на штета и трошоци. Еден од бранителите посочи дека оштетените не можат да ги остварат правата во граѓанска постапка затоа што Основен суд Тетово бара прво да има правосилноста на оваа кривична постапка.

Бранителот на правното лице Јавна здравствена установа Клиничка болница Тетово во завршниот збор истакна дека болницата не треба да биде прогласена за виновна бидејќи не била директно обврзана за модуларните ковид центри. Посочи дека според договорите за набавка тоа се владините министерства, иако не спори дека болницата треба да се грижи за безбедноста. Тој рече дека вработените во болницата при сведочење посочиле дека има поставено противпожарни уреди.

Адвокатот на обвинетиот Флорин Бесими во завршните зборови истакна дека како директор во договорот за менаџирање со установата немал задолжение да поставува противпожарни уреди и не се потпишал на записник за прием на модуларната болница. Побара од судот обвинетиот да биде ослободен од одговорност.

И адвокатот на обвинетиот Артан Етеми побара ослободителна пресуда, потенцирајќи дека Обвинителството не успеало да докаже причинско-последичен тек со кој се докажува вината на неговиот клиент.

Двајцата обвинети и претставникот на Клиничка болница се согласија со завршните зборови на своите адвокати и побараа ослободителни пресуди. По искажаните завршни зборови судијата Реџеп Муса истакна дека пресудата ќе биде изречена на 16 мај во 12 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски раскажа за најтешкиот ден во неговиот живот: Ми рекоа дека првите 72 часа се клучни, немав време за долго размислување
Следна Статија Градскиот парк личи на џунгла, велат од ЛДП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Три години затвор за тројцата обвинети: Судот изрече максимална казна за дивите депонии во Вардариште

Кривичниот суд Скопје денеска ги изрече пресудите за тројцата обвинети за создавање диви депонии на улицата „Зендел Џемаил“ во населбата…

October 8, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: 51 жртва во трагедијата во Кочани, над 100 повредени

Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Детали за новата акција на МВР, со закани изнудиле 300.000 евра од едно лице

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска (05.08.2025) до Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и…

August 5, 2025
ХРОНИКА

Пијан удрил во „опел“, во рампа на автобуската станица, па во паркиран авомобил: уапсен велешанец

На 07.05.2025 во 23.45 часот на улица „Прохор Пчински“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?