„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук.
Според објавените тужби Заев бара 500.000 денари штета од Петрушевски поради тврдењата дека тој бил дел од нарко картел и дека е во блиски врски со сопственикот на компанијата што се обиде да прошверцува пет тони дрога во Србија.
Според Заев измислица од најнизок вид е тврдењето дека тој е замешан во производство и трговија на марихуана, нешто што го пренеле сите медиуми во Македонија и е нарушување на неговиот углед и чест .
Mитрев, пак заработи тужба со потврдниот одговор на прашањето во интервју дали Заев и Венко Филипче барале начин да се стекнат со сопственост над неговата клиника, за што Заев тврди дека ниту се обидувал, ниту пак сака таква сопственост. И од него бара оштета од 500.000 денари.