Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани судови и јавните институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани судови и јавните институции
БАЛКАН

Закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани судови и јавните институции

Објавено July 7, 2026 17:13
Сподели
Сподели

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, Хасково, Софиска област, Крџали, Шумен, Плевен, Монтана и Габрово.

Полицијата започна инспекции на сите посочени локации и примени стандардни процедури за справување со закани со бомби, објавија „Новините“.

Судската палата во Софија беше евакуирана откако околу 10,30 часот беше примена пријава за експлозивна направа, а полициските единици веднаш започнаа со пребарување на зградата.

Поради мерка на претпазливост евакуиран бил и судот во Смолјан, откако Окружниот суд и Окружното обвинителство добиле заканувачка е-пошта.

Во Стара Загора, сите институции лоцирани во зградата на судот привремено ја прекинаа својата работа за време на спроведувањето на безбедносните проверки. Закажаните рочишта се одложени и ќе бидат закажани подоцна, додека страните ќе бидат навремено информирани за новите датуми.

Слични предупредувања беа примени во Благоевград, каде што полицијата не нареди евакуација на општинската зграда, туку наместо тоа ги прегледа просториите додека вработените продолжуваа со својата работа.

Дополнителни закани за бомби беа пријавени и во Шумен, каде што полициски екипи, исто така, спроведоа безбедносни проверки.

Во текот на утрото заканувачки пораки беа испратени до официјалните е-адреси на институциите, а вработените и посетителите во нив беа евакуирани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ММФ прогнозира: Македонија седма најбрзо растечка економија во Европа во периодот 2027-2031
Следна Статија Марин Ле Пен ќе може да се кандидира за претседателка на Франција, но со електронска нараквица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство на изборите во Бугарија

Победник на најновите предвремени парламентарни избори е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов – ГЕРБ со 26,4 отсто, покажуваат првите…

October 27, 2024
БАЛКАН

Крвава босанска одмазда по десет години – татко му пресудил на убиецот на неговиот син

36-годишен жител на село кај босанскиот град Травник е убиен вчера, а ден по убиството, се дознало дека станува збор…

December 28, 2024
БАЛКАН

Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени

Два воздушни балони се урнаа во централна Турција, при што загина најмалку едно лице, а 19 се повредени, јави турската…

June 15, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Во сабота можат само да ме убијат

Претседаталот на Србија Александар Вучиќ го коментира протестот на студентите во Србија.Тој е убеден оти ќе се обидат да предизвикаат…

March 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?