Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Законот мора да се почитува и да има ред, вели Мицкоски по протестите за „Сејф сити“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Законот мора да се почитува и да има ред, вели Мицкоски по протестите за „Сејф сити“
МАКЕДОНИЈА

Законот мора да се почитува и да има ред, вели Мицкоски по протестите за „Сејф сити“

Објавено February 5, 2026 20:06
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, говорејќи за проектот „Безбеден град“ истакна дека истиот ги дава резултатите, граѓаните го почитуваат сообраќајот и има големо намалување на сообраќајните прекршоци, додека во однос на протестите за нерегистрирани возила и возење без возачка вели дека законот мора да се почитува и нема компромис, мора да има ред.

Премиерот Мицкоски нема дилема дека ќе се издржи и притоа заблагодари на македонските граѓани што ги почитуваат правилата и возат побезбедно, појаснувајќи дека бројката на прекршоци конкретно во Скопје е помала отколку кога би имало организирана акција на МВР.

„Ако таа бројка сега движи под 500, а во минатото статистиката вели дека кога МВР би имало организирана акција во сообраќајот тогаш се констатираат околу 1.000-1.200 прекршоци, тоа значи дека сега, навистина возачите го почитуваат сообраќајот и ги почитуваат правилата. Во вообичаен ден кога нема организирана акција, сообраќајните припадници на МВР санкционираат помеѓу 300 и 500 прекршоци на територијата на Скопје. Што значи дека сега со овој паметен систем сме во рамките на тоа за кое зборувам и претставува редовна работна рутина на МВР, а разликата е што имаме многу помал број на сообраќајни незгоди, преполовен е тој број, нема жртви од почетокот на официјалната примена од почетокот на февруари. Мислам дека од сето ова најголем бенефит имаат самите граѓани и возачи и истото се случува во Тетово и Куманово, не се забележани повеќе од 20-30 сообраќајни прекршоци дневно и 50-80 на коридорите 8 и 10. Генерално се движиме меѓу 500 и 600 прекршоци на територијата на која функционира системот“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Во однос на протестите и заканите за возење без возачка и за нерегистрирани возила, премиерот Мицкоски истакна дека има конкретни акции и дејства од страна на МВР за оние кои ја преминале границата, и дека нема да се толерира дивеење и се што не е мирен начин на протест.

„Реков дивеење и начинот на кој одредена група протестираше можеше да се сфати како закана по животите и слободата на други лица без разлика дали се цивили или припадници на МВР, а од друга страна имаме уништување на државен имот. Секаде каде што тоа е констатирано, ќе биде поднесена пријава против сторителите на сето тоа. Ако некој мисли дека тоа ќе остане така неказнето, тогаш мислам дека се лаже. Така што секое изразување на револт на демократски и мирен начин е во ред, секој има право, оваа група вели ние сакаме да управуваме патнички возила или друг тип на возила без да поседуваме легална возачка дозвола. Ние велиме дека тоа не може“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека ако на мирен начин се изразува револт, тогаш како држава мора да се обезбеди тој мирен начин, но ако тоа ја помине границата, државата мора жестоко да реагира и државата ќе реагира доколку некој ја премине границата односно Рубиконот.

„Побарав од МВР жестоко да реагира против сторителите кои тоа го прават, го загрозуваат правото на слобода, животот на без разлика дали се цивили или припадници на МВР и уништуваат државен имот или нанесуваат друг тип на штета, тие мора да бидат одговорни за сето тоа, ние сепак сме правна држава, дел од НАТО, држава која претендира да биде дел од ЕУ и ова година кога се воведува ред, во сообраќај и други сфери во општеството и мора да имаме ред ако сакаме да бидеме држава. Додека сум јас претседател на Влада мора да се почитуваат законите. Законот вели дека за да управуваш патничко возило мора да имаш важечка сообраќајна дозвола, ако немаш нема да управуваш, ако немаш нема да управуваш, а ако управуваш без важечки документ ќе бидеш одговорен пред закон. Тука нема компромис“, дециден е премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Голема полициска акција во поранешен ОХИС: Влегоа комбиња, камиони и полициски возила, локацијата под силно обезбедување
Следна Статија Средба Ѓорѓиевски – Иванов: Во фокусот Форумот за културна дипломатија „Форум Скопје“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Го одбележуваме Денот на народното востание – 11 Октомври

Денеска Македонија слави голем државен празник! Денот е неработен за сите граѓани. 11 Октомври е празник на востанието е против…

October 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сашо Мијалков времениот отпуст од затвор го тера во Монте Карло, објави Вечер.мк

Се врти видео на порталите и социјалните мрежи дека Сашо Мијалков со Ферари од 700.000 евра е во Монте Карло……

January 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Се трошат милијарди евра, но имам чувство дека граѓаните не го добиваат заслуженото

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски го посети комплетно реновираното одделение на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија,…

October 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македон со нов златен медал – сега се подготвува за супер финале во Бугарија со најдобрите математичари од светот!

Чудото од дете Македон со нов златен медал – сега се подготвува за супер финале во Бугарија со најдобрите математичари…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?