Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запленети девизи, злато, цигари, домашна ракија….
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Запленети девизи, злато, цигари, домашна ракија….
ХРОНИКА

Запленети девизи, злато, цигари, домашна ракија….

Објавено January 20, 2026 15:17
Сподели
Сподели

Царински службеници и мобилни царински тимови открија неколку обиди за шверц разна стока и неколку обиди за криумчарење на поголеми суми

на непријавени девизи и тоа:

– 13.900 евра, 3 златни монети и 1 златна плочка од околу 90 грама се откриени од страна на мобилен царински тим кај двајца грчки државјани кои се пријавиле за излез од државава на граничниот премин Табановце автопат. При личен претрес на лицата, во џебот од јакната на возачот биле пронајдени 23.900 евра, а во неговиот паричник и во преден џеб од неговите панталони биле пронајдени 3 златни монети, секоја со маса од околу 8 грама и една златна плочка со маса од околу 90 грама. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 13.900 евра, златните монети и златната плочка се привремено задржани.

– При контрола на автомобил кој се пријавил за влез во држвава на граничниот премин Ќафасан кај совозачот пронајдени се непријавени 20 илјади евра. Според Законот за девизно работење на странката и се вратени 10 илјади евра, а остатокот од 10 илјади евра се привремено задржани.

– На излез од држвава на граничниот премин Богородица кај четворица патници се пронајдени вкупно 20.000 евра. Односно, секој од нив со себе носел по 5.000 евра, сума која е потребно да се пријави и за која е потребна потврда од овластена банка или менувачница при изнес од државава. Според Законот за девизно работење на секој од патниците им се вратени по 2.000 евра, а остатокот од по 3.000 евра или вкупно 12.000 евра се привремено задржани.

– 30 штеки цигари со турски акцизни маркички, 279 парчиња накит-бижутерија и 30 килограми монистри се пронајдени од страна на царински службеници при контрола на автобус со турски регистарски таблички, пријавен за влез во државава на граничниот премин Деве Баир. Цигарите биле пронајдени во фабричка празнина во просторот за одмор на возачите, а накитот бил пронајден во ќеса сместена во багажниот простор на автобусот. Вредноста на непријавените производи изнесува 73.780 денари, а избегнатите давачки се во износ од 75.038 денари.

– 17 шишиња со течност за инјекции за животни од 100ml и 250 ml се пронајдени во ташна на патник – странски државјанин со пријавено живеалиште во Прилеп, кој се пријавил за влез во државава на граничниот премин Стење. Стоката е привремено одземена.

– На влез на граничниот премин Табановце се пријавил патник кој со себе имал АТА карнет, но при контрола од страна на царински службеници во багажениот простор помеѓу пријавените музички инструменти пронајдени се и 4 парчиња нови звучни кутии, употребувана електрична гитара и употребуван модул за електрични тапани кои не биле опфатени во АТА карнетот, а патникот не ги пријавил.

– На граничниот премин Табановце, по насоки од Одделението за дежурен царински центар извршен е детален преглед на возило, пришто се пронајдени 60 литри домашна ракија. Од страна на возачот пријавени биле само неколку мали канти со сирење и патнички торби, а ракијата која била во пластични шишиња и туби е откриена во задните врати под тапацирот, во кровот, под хаубата и во патнички торби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судскиот совет му го одзеде имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, одобрен куќен притвор
Следна Статија Приведена на Табановце жена која сакала да внесе печурки со психотропни супстанци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Јасен е ставен под контрола

Дождот којшто вчера попладне заврна во делови од државата, меѓу другото ни помогна во гаснењето на пожарот во ловиштето Јасен,…

August 19, 2025
ХРОНИКА

Скопјанец пријавил дека сопругата го натепала

Скопјанец бил физички нападнат од сопругата, а насилството го пријавил во полиција. – Вчера во 12:00 часот во СВР Скопје,…

June 20, 2026
ХРОНИКА

Полицијата не можела да се изначуди како кумот Гоце ги поврзал „цитроенот“ со грабнувањето на Вања

Каде сте досега, знаев дека ќе дојдете, рекол Влатко Кешишев кога полицијата влегла во седишетото на Десна. На прашањето на…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Уапсен возачот кој удри 11-годишно девојче во Маџари и избега од местото на несреќата

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа го привеле Б.Р. (59) од Скопје, кој на 28…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?