Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР: Осомничениот 26-годишник за повеќе кражби во скопско спроведен за издржување 3- дневен притвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > МВР: Осомничениот 26-годишник за повеќе кражби во скопско спроведен за издржување 3- дневен притвор
ХРОНИКА

МВР: Осомничениот 26-годишник за повеќе кражби во скопско спроведен за издржување 3- дневен притвор

Објавено December 9, 2024 15:00
Сподели
Сподели

Полицијата соопшти дека вчера во 6.15 часот во село Кучевиште, скопско, е лишен од слобода Д.П.(26) од ова село кој се сомничи дека во текот на годинава во околината на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе кривични дела дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин и за него на социјални мрежи пишуваа граѓаните.

-Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во консултација со јавен обвинител против е него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Судија на претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката, информира Министерството за внатрешни работи. 

Како што соопшти претходно Јавното обвинителство, Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишник осомничен дека сторил повеќе кривични дела против имотот – разбојништва и тешки кражби. Жртвите биле жени или малолетни девојчиња, кои осомничениот ги напаѓал на различни локации во Центар и Аеродром и притоа им одземал чанти, ранци, паричници, накит, телефони и други вредни предмети, соопшти денеска Јавното обвинителство.

– Обезбедени се докази кои даваат основано сомнение дека тој е извршител на најмалку пет вакви кривични дела, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 100.000 денари. Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз постапката и особено веројатност да повторува вакви и слични кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, информираше обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, но одбраа да приредуваат политички циркус
Следна Статија Песков: Путин лично му даде азил на Асад

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста…

November 29, 2024
ХРОНИКА

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лицеза кривично дело- Убиство од член 123 став…

October 28, 2025
ХРОНИКА

Малолетник со нож го повредил својот татко во Скопје

Вчера (06.09.2025) во 09:10 часот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи: Мачени, па ликвидирани?

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка. Телата на двајца Срби и еден…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?