Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запленети над 1.000 часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ на Богородица, увезени од Кина чинеле 60.852 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Запленети над 1.000 часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ на Богородица, увезени од Кина чинеле 60.852 денари
ХРОНИКА

Запленети над 1.000 часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ на Богородица, увезени од Кина чинеле 60.852 денари

Објавено October 7, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Вкупно 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничниот премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост, стоката е задржана, при што е започната постапка за утврдување на оригиналноста на производите, информираат од Царинската управа.

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови годинава заклучно со септември откриле 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, при што се запленети речиси 78 илјади производи со потпис на познати трговски марки. Од нив, во 37 случаи веќе е утврдено дека станува збор за фалсификати на вкупно 27.329 производи.

– Годинава заклучно септември откривме 63 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост, што е за над 40 проценти раст во однос на минатата година кога во овој период се откриени 44 случаи на повреда на право од интелектуална сопственост. Половина од случаите или точно 32 случаи годинава се откриени од нашите мобилни царински тимови. Овие резултати јасно ги потврдуваат нашите напори во борбата против трговијата со фалсификати, истакнува директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

Еден од главните приоритети на Царинската управа, како што нагласуваат оттаму, е унапредување на институционалните капацитети за ефикасна и ефективна борба против фалсификатите преку воведување зајакнати мерки на царинска контрола за откривање и спречување на увоз, транзит и извоз на стоки кои го повредуваат правото од интелектуална сопственост, како и преку зголемена соработка со носителите на ова право и нивните застапници во државава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Андоновски: Од наредната година целосно автоматизирано пријавување на новороденче
Следна Статија Герасимовски да одговори, каде отидоа парите за Работнички, прашува Мемов

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Полицајци спасија лице кое се обидело да се фрли од мост во Куманово

Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство „Денеска (21.10.2025) во 10:40 часот, по претходна пријава за лице…

October 21, 2025
ХРОНИКА

Приведена 73-годишна неготинка, осомничена за предизвикување пожар

Полициски службеници ја лишиле од слобода 73-годишната неготинка В.А. синоќа во 18:40 часот. Таа се сомничи дека во сопствената куќа…

November 5, 2025
ХРОНИКА

За Нова година без покрив над глава: На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и тутунот

На осумчлено семејство од селото Воѓани, општина Кривогаштани, во пожар им изгоре целата куќа и речиси сиот род на тутунот…

December 28, 2025
ХРОНИКА

Загина возач кој удри во заштитната ограда после првиот тунел кај Демир Капија

Вчера во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?