Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За Нова година без покрив над глава: На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и тутунот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > За Нова година без покрив над глава: На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и тутунот
ХРОНИКА

За Нова година без покрив над глава: На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и тутунот

Објавено December 28, 2025 12:30
Сподели
Сподели

На осумчлено семејство од селото Воѓани, општина Кривогаштани, во пожар им изгоре целата куќа и речиси сиот род на тутунот од околу еден тон. Семејството Благадушески во Новата година ќе влезe без покрив над главата и без целиот макотрпен труд со тутунот.

Поради неисправна инсталација на 16 декември за еден час семејството во пламенот загуби сѐ. Среќа велат, што не биле во куќата. Живеат од ден за ден кај роднините.

– Ние седевме во помошната просторија што е до куќата. Околу 18:20 часот викна соседот дека кај нас нешто гори. Кога излеговме и видовме дека гори куќата, сопругот ги исклучи осигурувачите. Повикав пожарна. Им се јавив на синовите кои во моментот не беа дома. А многу, многу гореше, се сеќава Јулијана Благадушеска.

Во куќата која била стара 60-тина години, ама цврста градба, сепак со стара инсталација, заедно живее осумчленото семејство, свекорот на Јулијана, таа, сопругот, деверот, двата синови, четиригодишниот внук и снаата која треба во февруари да се породи.

– Среќа што не појдовме на спиење, инаку, можеше сите да изгориме. На таванот беше и тутунот. Околу еден тон. И тој изгоре. Претходно имавме симнато мал дел да го калапиме. Во куќата изгоре целата покуќнина, раскажува Благадушеска.

Сега просторот каде беше куќата е празен, расчистен од гарежот запаленото и изгореното.

– Приоритет е да направиме две-три простории за да се прибериме. Сега семејството спие на други места, кај роднини, пријатели. За празниците, некако ќе поминеме. Луѓето помагаат, вели Благадушеска.

И Дејан Благадушески, девер на Јулијана, нагласува дека има хуманост и добрина и дека најважно е сите да се на број.

– Бев на работа кога ми се јавија за пожарот. Најбитно ми беше да се сите на број. Изгоре куќата, со таа тешка ситуација ќе се носиме сите заедно. Еве, луѓето помагаат, ине само од селото, туку и од соседните места. Многу сме им благодарни. Има хуманост, има човечност, вели Благадушески.

Општина Кривогаштани отворила жиро сметка, ги повикале сите да даруваат за семејството да застане на нозе оваа зима.

Помошта веќе стигна од Сојузот на земјоделските здруженија. Изгорениот тутун е во вредност од околу 10 000 евра.

– Дојдовме да го посетиме семејството Благадушески, да им дадеме поддршка, и морална, и парична. Како Сојуз издвојуваме пари, од околу 120 000 до 180 000 денари. Ги повикувам сите тутунари, а и откупувачите да помогнат семејството да застане на нозе по оваа трагична ситуација. Изгорени се околу еден тон тутун што е во вредност од околу 10 000 евра. А куќата што изгоре е уште поголема штета. Голема е штетата, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Семејството Благадушески од кривогаштанско Воѓани тагува по уништениот дом. Радоста ќе ја чека кога ќе се роди деветтиот член на семејството, во февруари. Секоја помош ќе биде добредојдена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ: Без извинување, без оставка – понижувањето на албанските службеници продолжува
Следна Статија Венко Филипче сликан на аеродром во Венеција како патува во Дубаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Братот на член на ДНК ја соопшти најлошата вест: Ѓорѓи е меѓу загинатите во пожарот во Кочани

Младиот талентиран музичар Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој се истакнуваше со својот музички талент, го загуби животот во трагичниот пожар…

March 16, 2025
ХРОНИКА

Со фантомки и пластични пиштоли одзеле 650 илјади денари од „Нептун“- обвинение за две лица

Скопското јавно обвинителство покрена обвинение за две лица за разбојништво направено во продавницата за бела техника „Нептун“ во Градскиот стадион…

March 25, 2025
ХРОНИКА

Судење за „Пулс“: Објектот немал каде да дише

Тимот вештаци од Градежниот факултет со жалење констатира дека од противпожарна заштита во објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс” биле…

July 13, 2026
ХРОНИКА

Почина новинарката и уредничка на МРТВ, Јулијана Тануровска

На 60-годишна возраст, почина долгогодишната новинарка и одговорен уредник на сателитскиот сервис на МТВ1, Јулијана Тануровска. Тануровска целата своја новинарска…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?