Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Запоставувањето на нуклеарната енергија во минатото било стратешка грешка, кажа Урсула фон дер Лајен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Запоставувањето на нуклеарната енергија во минатото било стратешка грешка, кажа Урсула фон дер Лајен
ЕКОНОМИЈА

Запоставувањето на нуклеарната енергија во минатото било стратешка грешка, кажа Урсула фон дер Лајен

Објавено April 4, 2026 19:09
Сподели
Сподели

Европa со загриженост го следi постојаниот раст на цените на гасот и нафтата, што повторно ја отвори дебатата за енергетската независност на континентот. По кризата предизвикана од руската инвазија врз Украина и актуелните тензии на Блискиот Исток, нуклеарната енергија повторно станува клучен дел од енергетските стратегии во Велика Британија и Европската Унија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на самитот во Париз изјави дека запоставувањето на нуклеарната енергија во минатото било стратешка грешка. Таа објасни дека учеството на нуклеарните централи во производството на струја во Европа паднало од една третина во 1990 година на сегашните 15 отсто, што го прави континентот ранлив и зависен од скап увоз на фосилни горива.

Разликата во пристапот веќе се одразува врз економиите. Франција, која произведува 65 отсто од својата електрична енергија од нуклеарни извори, има далеку пониски цени на струјата во споредба со Германија. Берлин, кој одлучи целосно да ги затвори своите нуклеарни централи по несреќата во Фукушима, сега се соочува со сериозни економски проблеми и преполовени прогнози за раст на БДП поради високите цени на гасот од кој зависи неговата тешка индустрија.

Ентузијазмот за враќање на нуклеарната енергија е видлив во повеќе земји. Италија подготвува закони за укинување на забраната за нуклеарки, Белгија ги менува плановите и инвестира во постојните капацитети, а Шведска ја повлече четири децении старата одлука за напуштање на оваа технологија. Британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, оцени дека нуклеарната енергија е неопходна за националната отпорност и економскиот раст.

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека овој вид енергија е клучен не само за декарбонизација и постигнување на климатските цели, туку и за задоволување на огромните потреби за струја што ги наметнува развојот на вештачката интелигенција и дата-центрите.

Сепак, експертите предупредуваат дека нуклеарните проекти не се брзо решение. Изградбата на нови реактори трае долго и често е придружена со големи доцнења и високи трошоци. Покрај тоа, неколку земји од Централна Европа сè уште зависат од руската нуклеарна технологија и ураниум, што претставува дополнителен стратешки ризик.

Како попрактична алтернатива, Европската комисија и САД почнаа да инвестираат во мали модуларни реактори (SMR). Овие постројки се поевтини, можат фабрички да се произведуваат и се погодни за локално загревање или напојување на специфични индустриски објекти. Брисел веќе објави инвестициски пакет од 330 милиони евра за развој на оваа технологија, со надеж дека првите вакви реактори ќе почнат со работа до почетокот на следната деценија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фицо и Орбан бараат ЕУ да ги укине санкциите за руската нафта и гас за да се надмине кризата
Следна Статија ВРЕДИ: Ахмети си напиша писмо сам на себе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Европската централна банка ја намали основната каматна стапка на 3,25 отсто

Европската централна банка (ЕЦБ) вчера ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,25 отсто, при што инфлацијата…

October 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите

Просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври изнесува 2,20 проценти и бележи годишен раст од 0,13 процентни поени, додека…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Пензиите ќе пораснат за 2.500 денари по 1 април, Владата обезбеди средства

Пензионерите во Македонија ќе добијат вториот дел од ветените 5.000 денари од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на 1 април, со исплатата…

January 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Стојаноски: Во новиот буџет има многу позитивни изненадувања за сите работници во Македонија

Додека пратеничката Тренчевска држеше прес-конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која…

October 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?