Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови
МАКЕДОНИЈА

Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

Објавено March 18, 2025 08:22
Сподели
Сподели

Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации.

Почнувањето на контролите вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови.

Премиерот Мицкоски уште завчера на прес-конференција во Владата рече дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

-Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици… Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.

Истакна дека објектот каде што се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Двајцата астронаути заглавени на Меѓународната вселенска станица со месеци конечно се враќаат на Земјата
Следна Статија Определен притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Можна креативна дипломатија во Виена за одблокирање на евроинтеграцијата

Австрија е подготвена да разговараме за изнаоѓање креативно решение со Бугарија и смета дека во моментов најважното за ЕУ е…

May 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден

Саботата пред Цветници се вика Лазарова сабота или Лазарица. Православните верници на овој ден си споменуваат за чудесното воскресение на…

April 4, 2026
МАКЕДОНИЈА

Православните верници го слават Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,…

January 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?