Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (Видео) Двајцата астронаути заглавени на Меѓународната вселенска станица со месеци конечно се враќаат на Земјата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > (Видео) Двајцата астронаути заглавени на Меѓународната вселенска станица со месеци конечно се враќаат на Земјата
СВЕТ

(Видео) Двајцата астронаути заглавени на Меѓународната вселенска станица со месеци конечно се враќаат на Земјата

Објавено March 18, 2025 08:20
Сподели
Сподели

Двајца астронаути на НАСА заглавени на Меѓународната вселенска станица се упатуваат назад на Земјата со „Спејс Икс“ за да ја завршат драматичната мисија што започна со пробен лет на Боинг пред повеќе од девет месеци, јавува Асошиетед прес.

Watch Dragon depart the @Space_Station and return to Earth with the Crew-9 astronauts → https://t.co/ZZEmGU8Aar https://t.co/kWcj6rvu1V

— SpaceX (@SpaceX) March 18, 2025

Буч Вилмор и Суни Вилијамс се простија од Меѓународната вселенска станица – нивниот дом од минатата пролет – заминувајќи во капсула „Спејс Икс“ заедно со уште двајца астронаути. Капсулата се одвоила во раните утрински часови, а се очекува да слета на брегот на Флорида до вечер, во зависност од временските услови.

Тие очекуваа да бидат на Меѓународната вселенска станица само една недела по лансирањето во новата капсула „Старлајнер“ на Боинг на 5 јуни. Но, многу проблеми што се појавија на патот до вселенската станица ја принудија НАСА да го испрати „Старлајнер“ назад празен и да ги пренесе астронаутите во „Спејс Икс“, одложувајќи го нивното враќање до февруари. Тогаш проблемите со капсулата „Спејс Икс“ додадоа уште еден месец доцнење. Доаѓањето на нивните замени вчера значеше дека Вилмор и Вилијамс конечно би можеле да си заминат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Србија и Бугарија денес е ден на жалост поради трагедијата во Кочани
Следна Статија Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Договорот за прекин на огнот во Газа ќе стапи на сила на 19-ти јануари, објави Катар

Израел и палестинското милитантно движење Хамас се договорија за прекин на огнот во Појасот Газа и договор за ослободување на…

January 16, 2025
СВЕТ

По 40 години борби против Тyрција, забранетата Работничка партија на Курдистан прогласи прекин на огнот

Забранетата Работничка партија на Курдистан (ПКК) денеска прогласи прекин на огнот, слушајќи го повикот на нејзиниот притворен лидер Абдула Оџалан…

March 1, 2025
СВЕТ

Директор на компанија за вештачка интелигенција: Работните места ќе бидат избришани, никој не е свесен што доаѓа

Дарио Амодеи, извршен директор на Антропик, компанијата зад еден од најпопуларните модели на вештачка интелигенција Claude AI, издаде драматично предупредување:…

May 30, 2025
СВЕТ

Трамп го избра Шон Каран за нов директор на Тајната служба

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Каран за нов директор на американската тајна служба. Каран беше дел…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?