Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење на над 110 работници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење на над 110 работници
МАКЕДОНИЈА

Затворена кујната во РЕК „Битола“ по масовното труење на над 110 работници

Објавено March 26, 2026 13:10
Сподели
Сподели

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во координација со здравствените институции, привремено ја затворија кујната на операторот што го снабдува со храна комбинатот РЕК „Битола“. Одлуката доаѓа по серијата пријави за стомачни тегоби кај вработените, кои конзумирале лазања со сос.

Досега се регистрирани вкупно 111 лица кои побарале лекарска помош во Инфективното одделение во Битола. Од АХВ информираат дека се земени мостри од храната, како и брисеви од вработените и работните површини.

„Во согласност со Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е привремено затворена, односно дадена е забрана за вршење дејност подготовка и послужување храна од неа сè до завршување на инспекциската постапка и добивање уредни наоди“, соопштија од АХВ.

Додека трае истрагата, работниците во РЕК „Битола“ добиваат сув ладен оброк. Од хотелот „Молика“, кој управува со кујната, тврдат дека станува збор за изолиран случај со лесна клиничка слика кај одреден број вработени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шест македонски волови ја преминаа бугарската граница кај Ѓуешево и станаа проблем
Следна Статија Гаши против „ад-хок“ отворање на Уставот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божик.…

December 25, 2024
МАКЕДОНИЈА

Инспекторатот за животна средина вели дека Усје не загадува

До 20 декември 2025 година се реализирани 1700 инспекциски надзори за амбиентален воздух, од кои 839 редовни, 532 вонредни и…

January 2, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци

Европската комисија го објави Годишниот извештај за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија. Извештајот не е…

November 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче

Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?