Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче
МАКЕДОНИЈА

Никој не смее да биде поштеден од одговорност, ова не е време за политички пресметки, рече Венко Филипче

Објавено March 17, 2025 14:37
Сподели
Сподели

Претседателот на СДСМ, Венко Филипле, изјави дека трагедијата во Кочани не смее да се користи за политички пресметки кога народот треба да е обединет. Тој уверува дека како опозициска партија нема да дозволат некој што е одговорен да биде поштеден, и ќе следат процесот да се движи во праведна насока.

„Никој не смее да биде поштеден. Трагедијата е преголема, и ако постои најмала индиција дека некој се штити тоа ќе биде удар за целото општетство“, рече Филипче, апелирајќи до Обвинителството да известува редовно, за да не се остава простор за било какви шпекулации во јавноста.

Според Филипче, од нас зависи какви ќе излеземе од ова –  дали како држава што научила од грешките или како општество што дозволило да се заборави.

„Македонскиот народ нема да ја заборави трагедијата, а наша одговорснот е да осигураме дека нема да повтори“, рече Филипче.

Првиот човек на опозициската партија информираше и дека како доктор разговарал со дел од семејствата на хоспитализираните и ги уверил дека лекарите прават се’ за повредените.

Тој рече и дека ние сме денес рането општетство, а генерации млади луѓе живеат со болка.

Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица. Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иле Гоцевски беше на првата линија, некои болки се преголеми, некои загуби се претешки за да се носат, рече Таравари за смртта на возачот на Итната помош
Следна Статија Протест во Кочани: Не умираме од несреќи, умираме од корупција (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со полскиот премиер Туск

Премиерот Мицкоски денеска оствари средба со полскиот премиер Доналд Туск.На средбата беа презентирани македонските позиции за ЕУ проширувањето.

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски“ е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентите

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ се обрати на свеченото одбележување на јубилејот…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски за грчкиот весник „Та Неа“: Трагедијата во Кочани го покажа европското единство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за грчкиот дневен весник „Та Неа“ зборуваше за билатералните…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?