Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Објавено May 13, 2025 14:18
Сподели
Сподели

Вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јасневска.

Одговорајќи на новинарски прашања по панелот во рамки на Самитот Македонија 2025, Јаневска рече дека е јавна тајна стекнувањето лажни и незаслужени дипломи. Во вакви случаи, како што истакна, двете страни се учесници и треба да одговараат зашто сториле криминално дело.   

– Јавна тајна е, луѓето отворено зборуваат кога се наоѓаат во приватен круг, дека се стекнале со такви дипломи, но, како што кажав, тешко се докажува оти едната и другата страна е учесник, и двете страни треба да одговараат, тоа е криминално дело. Но, бидејќи е и јавна тајна и бидејќи имаме инструменти со кои можеме да провериме каков е квалитетот на образованието во одредени високо-образовни институции, ние тоа го правиме. Има недоречености во Законот, има нешта во минатото што не се направени, на пример евалуации од страна на Агенцијата за квалитет во високото образование. За да можеме да го затвроиме процесот, мора да направиме измени во законите за високо образование, за АКВО, за научно-истражувачка дејност, за иновации,… Она што ни го дозволува Законот за наука, тоа го спроведуваме. Можеме легално да затвораме институти и затворивме 13, уште 13 се под силен мониторинг. Ќе видиме колку од нив ќе бидат затворени. Затворивме и една медицинска струка, сега ќе затвориме втора. Се уште го докомплетираме процесот зашто не би сакала да не биде процедурата како што треба. Ќе го докомплетираме и ќе продолжиме во иднина во тој правец, истакна Јаневска.

Според неа, кога почнале проверките и затворањето, одреден број инстутити сами поднеле барање за затворање.

-Тие беа свесни дека не ги исполнуваат условите и ги затворивме, потенцира Јаневска. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на средба со Гилаури: Учиме од најдобрите за македонско, подобро утре
Следна Статија Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Потребно е да се видат и цените во аптеките и во продавниците за бела техника

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за поставување на пратенички прашања рече дека состојбата која ја затекнале…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за односите со Бугарија: Наша задача е да работиме, дали ќе има договор – за танго се потребни двајца

За танго се потребни двајца, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања поврзани со односите со Бугарија и…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Боки 13: СДСМ имаа вреќи со црни пари за кампањата за локалните избори 2017 година

Во новото продолжение на документарецот „Рекет’ Бојан Јовановски раскажува за односот што го имал со поранешните градоначалници од СДСМ, Петре…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет

Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Македонија. Советот денеска на 510-тата седница со 13 гласа…

January 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?