Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри
МАКЕДОНИЈА

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

Објавено May 13, 2025 14:13
Сподели
Сподели

Нема да има реконструкција на Владата, туку само смена на министри, информираат од Владата за МИА по синоќешната изјава на Арбен Таравари дека АА излегува од Владата. 

Алијанса за Албанците во Владата има две министерски места – за здравство кое го предводи Таравари и вицепремиерско и министерско место за добро владеење на кое сега е Арбен Фетаи. Во Парламентот, партијата има шестмина пратеници. 

Засега се уште не се знае како ќе се одвива смената на министрите, дали и кој од АА ќе поднесе оставка или Владата ќе ги разреши министрите и други функционери од крилото на АА. Исто така е неизвесно колкумина од шестмината пратеници на АА ќе останат со Таравари.  

Од Владата за МИА не ги потврдуваат информациите дека може да дојде до смена на ресорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен, како што синоќа навести еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Билал Касами. Во однос на бројот на пратениците, лидерот на Беса рече дека наскоро, можеби уште во текот на оваа недела, ќе се зголеми бројот на пратеници кои ќе мигрираат во владејачкото мнозинство.  

Можам да гарантирам дека веќе сме во сериозни преговори со повеќе пратеници и од албанската опозиција и од другите членови на другите заедници кои се дел од сегашниот „Европски фронт“, рече Касами.

По синоќешната изјава на Таравари дека АА заминува во опозиција, премиерот Христијан Мицкоски, според информациите на МИА, нема да се сретне со него. 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, чиј претседател е премиерот Мицкоски, вечерва одржува седница на Извршниот комитет на партијата. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело
Следна Статија Ѓоковиќ се разделува од Мареј по само шест месеци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пратениците ќе расправаат за интерпелациите против Меџити, Стоилковиќ, Тошковски, Исени и Даути

Собранието денеска треба да ја започне 29. седница на која на дневен ред се пет интерпелации. Четири интерпелации се поднесени…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Кај 70 до 80% од објектите воочени огромни неправилности

Кај 70-80 отсто од угостителските објекти имало огромни неправилности. Владата крои акциски план за да прогласи мораториум за да се…

March 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Поврзаноста не се мери во лајкови, туку во љубов и присуство, порача Ѓорге Иванов на Конгресот на религии во Казахстан

Во периодот од 15-18 септември, поранешниот претседател на Република Македонија (2009–2019), Ѓорге Иванов, учествуваше на Осмиот Конгрес на лидерите на…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со порака по смртта на папата Франциск: Беше глас на совеста во време на глобални предизвици

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека со длабока тага ја примил веста за смртта на Неговата Светост, папата Франциск – духовен…

April 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?