Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“ – Сиљановска-Давкова во работна посета на Ресен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“ – Сиљановска-Давкова во работна посета на Ресен
МАКЕДОНИЈА

„Заштитата на Преспанското Езеро треба да биде највисок приоритет“ – Сиљановска-Давкова во работна посета на Ресен

Објавено November 11, 2025 14:30
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска е во работна посета на Општина Ресен. Во рамки на посетата, таа оствари средби со градоначалникот Јован Тозиевски, членовите на Советот на општината и со граѓаните на Ресен.

Тие ја запознаа со локалните проблеми, а особено беше нагласено прашањето за миграцијата и одливот на младите од Ресен и Преспанскиот регион. Се акцентираше и важноста на проектот „ЕУ за Преспа“, преку кој се вложуваат значителни средства за развој на Ресен, една од општините којашто има најголем бенефит од европските фондови.

Во непосредниот разговор со граѓаните, Сиљановска-Давкова ги сослуша забелешките и предлозите за секојдневните економски, инфраструктурни и социјални прашања, потенцирајќи дека активниот дијалог со граѓаните претставува темел на одговорното и транспарентно владеење.

Претседателката ќе посети и неколку културни институции, како и производствениот погон Свисслион Агроплод – Ресен. Со тоа се нагласува значењето на културната традиција и поттикнувањето на економската активност како двигател на локалниот развој.

Попладневниот дел е посветен на дебата со претставници на невладини организации, на локални и национални институции, со фокус на еколошките предизвици и зачувувањето на Преспанското Езеро како природно и национално богатство.

Во продолжение е интегралната изјава на претседателката дадена по дел од средбите во Ресен:

„Се разбира дека Ресен од многу причини, многу почесто треба, не само претседателите, туку и сите да го посетуваат. Не само заради убавината, не само заради историјата, не само заради соживотот, не само заради езерото, не само заради ретките птици, не само заради сарајот, не само заради Татарчев, не само заради Наде Проева. Мило ми е што сум овде, се разбира, зошто си ја почнав мојата таканаречена турнеја од Ресен? Неслучајно бидејќи основната причина беше грижата за Преспанското Езеро. Се разбира, јас добив темелни податоци, меѓу кои и оној дека не е основната причина во енормното и неконтролираното користење на водата, туку во понирањето, односно во природата и дека во историјата сме имале и друг пат вакви ситуации. Но, од разговорот со градоначалникот, разбрав дека – да, овој град има иднина, само што има потреба од поголема поддршка. Проектот ЕУ за Преспа, навистина е не само инспиративен, туку и темелен проект, како да се активира или да се реактивира туризмот, земјоделието, економијата, справувањето со депониите и навистина некои од решенијава, мислам дека се за прв пат применети и во иднина може да бидат модел. Што друго треба да се направи? – Да, треба во поглед на културниот развој, па и во поглед на економскиот развој, па и околу да речеме медицинскиот туризам, како што велат тие, стратешки да се пристапи. Охрид е тука, Ресен е овде, езерата се тука, ние мораме навистина да изградиме стратегија со која младите ќе останат овде. За среќа, вештачката интелигенција и дигитализацијата, овозможуваат овде да живеете, а да работите на друго место, но за тоа треба еден исчекор.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Турците и Србите најбројни туристи – доаѓаат и Германци и Полјаци
Следна Статија Слободен влез на Националната арена за мечот Македонија – Летонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Академик Живко Попов: Актуелниот притисок за формирање моноетничка албанска академија е нерационален и неоснован

На одбележувањето на Денот на МАНУ односно 57-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, нејзиниот претседател, академик…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ Е ВО НАЈНАПРЕДНА ФАЗА НА ИЗГРАДБА НА НОВАТА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА Се градат 58 објекти меѓу Гази Баба и Аеродром

Град Скопје – кој започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука – е…

June 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еве како му оди бизнисот на Груевски во Унгарија, си исплатил дивиденда од 5.000 евра

Поранешниот премиер Никола Груевски се чини дека далеку од дома се пронајде во улогата на бизнисмен, бидејќи сè уште дава…

October 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

Набавка на лекови од 8.6 милиони денари без тендер извршила Клиниката за детски болести, во 2022 година, констатира Извештајот на…

November 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?