Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ден на народното востание – 11 Октомври
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ден на народното востание – 11 Октомври
МАКЕДОНИЈА

Ден на народното востание – 11 Октомври

Објавено October 11, 2024 08:47
Сподели
Сподели

Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност.

По повод државниот празник 11 Октомври, владини и собраниски делегации ќе положат цвеќе во Скопје, Прилеп и Куманово. Владина делегација составена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и Љупчо Димовски, заменик-претседател на Владата за политички систем ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел и пред споменикот „Ослободители на Скопје“ пред Владата.

Во Прилеп, пак, владина делегација составена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска и заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифовски – Питу и на Могилата на непобедените.

Владина делегација составена од министерот за јавна администрација Горан Минчев, министерот за спорт Борко Ристовски и Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, ќе положат цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово.

Пратеничките Драгана Бојковска и Сања Лукаревска ќе положат цвеќе на Партизански гробишта Бутел, а потоа пред Споменикот на ослободителите на Скопје.

Пратениците Биљана Кузманоска, Петар Ристески и Даниела Николова ќе положат цвеќе во Прилеп, на споменикот на Методија Андонов-Ченто, на споменикот на Кузман Јосифовски-Питу и на Могилата на непобедените. Пратениците Бране Петрушевски, Оливер Спасовски и Павле Арсоски, пак, ќе положат цвеќе на Спомен-костурницата во Куманово.

Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ на годинашните добитници на највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на земјава. Истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски е добитник на наградата во областа на науката, а за животно дело во областа на културата и уметноста наградата им се доделува на мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот актер и продуцент Јовица Михајловски.

На 11 октомври 1941 година Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција државава застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општоцивилизациските и демократски вредности. Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.

За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Македонија, денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувлaдина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почина Етел Кенеди, главата на познатото семејство
Следна Статија „Очекувам ЕУ да има јасна стратегија за нас“, вели Сиљановска Давкова

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кирков: Во ЈУ Зоолошка градина постои туберколоза

Неодамна починаа Лами за кој се установи дека биле заболени од Туберколоза, исто така пред неколку дена почина и младо…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Започна 16-тата Школа за млади лидери „Младинска агенда за одржлив свет“

Синоќа започна 16-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, која ќе се одржува во следните две недели, во периодот…

November 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Европски специјалитет по „европска“ цена: Парче пица на влез во Македонија – 180 денари

Во угостителски објект во Гевгелија, веднаш по влезот од Грција кон Македонија, едно парче пица се продава по цена од…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри…

August 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?