Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина Етел Кенеди, главата на познатото семејство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Почина Етел Кенеди, главата на познатото семејство
СВЕТ

Почина Етел Кенеди, главата на познатото семејство

Објавено October 10, 2024 23:01
Сподели
Сподели

Етел Кенеди, сопругата на починатиот американски сенатор Роберт Кенеди и со децении главен столб на американската политика, почина на 96-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.

Кенеди почина во сон во четвртокот наутро од „компликации поврзани со мозочен удар што го доживеа минатата недела“, се вели во изјавата во име на семејството Кенеди објавена на социјалната мрежа X од нејзиниот внук Џо Кенеди Трети.

Која беше Етел Кенеди?
Таа е родена како Етел Скакел на 11 април 1928 година и била ќерка на богатиот протестантски магнат за јаглен Џорџ Скакел и неговата побожна католичка сопруга, Ана Бранак Скакел. Нејзините родители трагично загинале во авионска несреќа во 1955 година, пишува „Католичка новинска агенција“

Својот иден сопруг го запознала во ски-центар во Канада во 1945 година кога имала 17 години. Двајцата се венчаа во јуни 1950 година во католичката црква Света Марија во Гринич, Конектикат.

Длабоко заинтересирана за политика, Кенеди беше силен поддржувач на кариерата на нејзиниот сопруг и исто така водеше кампања во име на нејзиниот зет, Џон Ф. Кенеди, за време на неговите претседателски кампањи.

Нејзиниот сопруг Роберт успешно водеше кампања и освои место во американскиот Сенат претставувајќи го Њујорк во 1964 година. Тој беше убиен на 6 јуни 1968 година, помалку од 24 часа откако објави дека победил на две претседателски трки во Калифорнија и Јужна Дакота.

Етел Кенеди го роди нивното 11-то и последно дете шест месеци подоцна по неговата смрт.

Веднаш по неговата смрт, Етел го основал Центарот за човекови права Роберт Ф. Кенеди, посветен на континуираната работа во областа на човековите права и новинарството. Таа никогаш не се премажила, туку остатокот од својот живот го посветила на јавна служба, и преку Центарот за човекови права на РФК и преку организација за развој на заедницата во Бруклин.

Имала 34 внуци и 24 правнуци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп има намера да го укине двојното оданочување за Американците кои живеат во странство
Следна Статија Ден на народното востание – 11 Октомври

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги прошири санкциите насочени кон категории на поединци кои подлежат на американски санкции поради оспорување на…

January 9, 2025
СВЕТ

(Видео) Путин: Идиоти воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментираше санкциите што ЕУ…

May 14, 2025
СВЕТ

Граѓаните гласаа против оданочување на многу богатите во Швајцарија

Швајцарците со големо мнозинство го отфрлија предлогот за воведување данок од 50% на наследство од над 50 милиони швајцарски франци…

November 30, 2025
СВЕТ

Изнајмувач на Airbnb со вештачка интелигенција креирал штети во станот и барал 12.000 фунти отштета од станарката

Жена од Лондон добила извинување и поврат на средства од речиси 4.300 фунти од компанијата Airbnb, откако домаќин во Њујорк…

August 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?