Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зајкова: Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, кој ќе одговара за пропустот?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зајкова: Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, кој ќе одговара за пропустот?
МАКЕДОНИЈА

Зајкова: Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, кој ќе одговара за пропустот?

Објавено August 16, 2025 17:40
Сподели
Сподели

Жичарницата на Водно со месеци работела, додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жичарницата работела без дозвола и не смеела да превезува луѓе.

„Колку скопјани (возрасни, деца), колку туристи биле изложени на ризик по својот живот во овие месеци?!? Јас лично го носев мојот петгодишен внук до врв на Водно со истата… морници ме лазат од помислата што сѐ можело да се случи на секој од нас. Колку пати мораме да бидеме сведоци на неизмерна штета, па и човечки животи, за конечно да сфатиме дека мораме да ја поставиме безбедноста на прво место? Колку нови трагедии треба да ни покажат дека стандардите не се луксуз, туку се поставени заради безбедност и заштита?“, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.

Секоја жичарница мора да минува годишен технички преглед и вонредни инспекции пред секоја сезона. Инспекциите мора да ги вршат независни тела (не само ЈСП или оној кој ги стопанисува), а извештаите да бидат јавни и достапни.

Зајкова бара да се воведат современи сензори за вибрации, опуштеност и странични движења кои автоматски го сопираат системот при ризик (како што е пракса во Австрија, Швајцарија и Германија). Овие современи технологии ги спречуваат катастрофите пред да се случат.

„Кривична одговорност за раководството во случај на исклучучени безбедносни уреди, дозволување или игнорирање на функционалните несигурности или работење без дозвола. Ние не сме статистика. Сме луѓе. И не мора да ја плаќаме цената со живот заради импровизации и неспособност“, заклучува претседателката Зајкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Објавен огласот за откуп на домашна пченица за стоковните резерви
Следна Статија Кедев: Болници оперираат пациенти без потреба, само заради профит

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Иницијативата за оценка на уставноста на Протоколот дочекана на „нож“ во Бугарија

Иницијативата на Лилјана Поповска, поранешна пратеничка и лидер на ДОМ, да покрене иницијатива за уставноста на фамозниот Протокол потпишан со…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Забранети 250 онлајн приредувачи на игри на среќа без лиценци, до крајот на месецот уште 50

Забранети се околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа, кои немаат извадено лиценца во Македонија, информираше денеска министерот за…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тошковски се огласи за бегството на Груби: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку видео порака се обрати на СДСМ по повод бегството на Артан Груби. Тој…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Директорката на Детската клиника Козле се заканува доколку ѝ се спомене името во медиумите

Директорката на универзитетската клиника за белодробни заболвања Козле Каролина Симоновска во официјален допис до медиумите побара нејзиното име да не…

February 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?