Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зајкова: Потребно е итно законско решение за зауздување на „шурењето“ на граѓаните од страна на банките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Зајкова: Потребно е итно законско решение за зауздување на „шурењето“ на граѓаните од страна на банките
ПОЛИТИКА

Зајкова: Потребно е итно законско решение за зауздување на „шурењето“ на граѓаните од страна на банките

Објавено June 25, 2026 10:08
Сподели
Сподели

„Кога државата гледа дека постојано растат провизиите и дека банките ги ‘шурат’ граѓаните со непотребни трошоци, нека се направи една анализа, ќе видите како и во други европски земји сето тоа се регулира. Притоа и гувернерот апелира дека можеби ќе треба значи законски да се заузда таквото работење на банките кои што остваруваат енормни профити, а вие имате закон пред вас кој што во неколку наврати го одбивате. Ова не е само за сега. Во минатиот парламентарен состав воопшто не беше ставен на дневен ред законот“, вели во гостување на Само Вистина, претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

Зајкова посочува дека владејачкото мнозинство го одобрува и му дава кредибилитет на „грабежот“ кој се случува од страна на банките и прашува кои се причините за тоа?

Пратениците од владејачкото мнозинство на последната седница на Собранието одлучија да не го прифатат предлогот на ЛДП за намалување на банкарските провизии и неоправдани трошоци и со тоа, наместо да застанат на страната на граѓаните, одлучија да одработат за банките и крупниот капитал.

„Јас не можам да објаснам зашто да не донесеме закон со кој што ќе се спречи тоа дивеење на банките, односно ќе се спречи банките да ги ‘шурат’ непотребно граѓаните со разноразни трошоци и провизии. Непоимливо е да вие да плаќате за одржување на неактивни сметки или за проверка на состојба од банкомат или кога вадите од еден на друг банкомат. Тоа веќе европските земји го имаат многу добро решено и мислам дека треба да се стремиме да одиме натаму. Не го велам ова само јас дека се високи провизиите. Самиот гувернер на Народната банка упати еден апел тие да се намалат, меѓутоа пред извесно време гледаме дека повторно се покрена на прашањето за 30% раст на провизиите кои што ќе ги погодат токму пензионерите и кредитоспособните“, посочува Зајкова и додава дека жали што не се отвара суштинска дискусија за законот.

На прашање која е причината и зошто не може да се изгласа законот, Зајкова одговори дека не може да прејудицира, но тоа може да бидат банкарските заеми на партиите или одредени состојби во делот на финансирањето на партиите, нешто што треба да го образложат оние кои што не даваат поддршка на законот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Некој може да стане и да каже-Али Ахмети го брани Рама, не Ахмети ја брани Албанија, а Албанија страда
Следна Статија Подгответе го вашиот автомобил за патување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДС, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

Директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата Ивица Томовски преку објава на Фејсбук најавува тужба за клевета…

December 7, 2025
ПОЛИТИКА

Муртезани: Сакаме да обезбедиме гаранции за почнување но и завршување на ЕУ интеграцијата

На Платформа 2: 100% посветени за тебе се обрати и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани кој се осврна на…

October 21, 2024
ПОЛИТИКА

Кандидатот за скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае на почетокот на јули

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по посетата на реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје најави дека следната…

June 2, 2025
ПОЛИТИКА

Дали Филипче одмара во Грција и пишува статуси за Кочани? ВМРО-ДПМНЕ прашува и дали лидерот на СДСМ е на средба со Заев во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно ја праша опозициската партија СДСМ каде е нејзиниот лидер и дали е тој на одмор во Грција…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?