Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Подгответе го вашиот автомобил за патување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Подгответе го вашиот автомобил за патување
ЗАБАВА

Подгответе го вашиот автомобил за патување

Објавено June 25, 2026 11:33
Сподели
Сподели

 Некои ситници чинат малку, а и лете, разликата меѓу „имав сѐ под контрола“ и „се заглавив на патот“ честопати зависи токму од нив. Асфалтот деновиве станува сѐ потопол, но повеќето возачи едноставно го вклучуваат клима уредот и продолжуваат да возат. Сепак, забораваме дека нашиот автомобил не е фрижидер што само се вклучува во напојувањето – тоа е машина направена од метал, гума и електроника што навистина ги чувствува овие топлински бранови, пишува „Данас (Danas)“.

Токму затоа, првиот совет гласи: Одвојте 15 минути за да си го освежите знаењето околу следниве три работи што се битни во лето.

Заборавете на пумпањето „отприлика“ на гумите

Налето, кога температурата на асфалтот се зголемува, воздухот во една гума се шири и притисокот се зголемува. Возењето со погрешен притисок значи две работи: Гумите се трошат нерамномерно (и се уништуваат предвреме), и – автомобилот почнува „да лебди“ во кривини, наместо прецизност и стабилност.

Совет: Проверете го притисокот само кога гумите се ладни. Погледнете во упатството за возилото, бидејќи производителот го пропишал тоа со причина. И не заборавајте да го проверите профилот на гумата – ако е стара и „излижана“, никаков притисок нема да ве спаси при првиот летен дожд.

Акумулатор – „тивкиот убиец“ што не предупредува

Луѓето се плашат од зимата, дека автомобилот нема да запали, но вистината е, всушност, спротивна – акумулаторите „умираат“ најмногу во лето. Високите температури под хаубата ги забрзуваат хемиските реакции, оксидацијата и празнењето, што ја ослабува механиката, којашто може да биде на крајот од својот век на траење.

Совет: Ако вашата акумулаторот е стар повеќе од четири години, не чекајте да ве изненади на паркинг далеку од дома. Побарајте тест од механичар – потребна е минута и ќе знаете до каде е вашиот автомобил, зашто кога нема да запали, предоцна е да се размислува за тоа.

Бришачи – кога стаклото се полни со наслаги

Зимата е „брутална“ за бришачите – мраз, снег, замрзнато стакло, па стругање… Сега на ред е Сонцето, кое ја суши гумичката до тој степен што таа станува тврда и напукната. Последиците? Кога ќе треба да се исчисти шофершајбната од инсекти на автопатот, бришачите само ќе ја размачкаат нечистотијата, создавајќи слој низ којшто возачот ништо не гледа.

Совет: Проверете го гумениот дел од секој бришач. Ако остават траги или „скокаат“ преку стаклото, веднаш треба да се сменат. Не е прашање на естетика, туку на безбедност – една секунда слаба видливост при 130 км/ч може да го уништи целото лето.

Заклучок: Автомобилот не е нешто што само го палите и возите, без разлика колку е добар. Овие ситници не чинат многу, а безбедноста во голема мерка зависи од нив. Проверете ги гумите, акумулаторот и бришачите. Ќе си заштедите нерви – но и на цената за влечење на расипан или, во краен случај чукнат автомобил.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зајкова: Потребно е итно законско решение за зауздување на „шурењето“ на граѓаните од страна на банките
Следна Статија Колку мед можете да изедете за една минута?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

НЕПРИЈАТЕН МОМЕНТ ВО ВИНДЗОР Меланија ја откачи кралицата Камила штом ја здогледа Кејт

Кралицата Камила накратко се најде во незгодна ситуација додека во замокот Виндзор ги пречекуваше Доналд и Меланија Трамп за време…

September 18, 2025
ЗАБАВА

Се роди Марко: Лозанo стана татко

Влатко Лозаноски стана татко. Тој и неговата партнерка добија син кој се вика Марко. Приновата на свет дошла во петокот.…

October 21, 2024
ЗАБАВА

Безос ги менува плановите за свадба поради војната на Блискиот Исток

Џеф Безос наводно бил принуден да ги премести прославите за својата свадба во Венеција откако жителите се заканиле дека ќе…

June 25, 2025
ЗАБАВА

Урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Македонските урбани моторџии по десетти пат земаа учество во глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан, од кој собраните донации одат во лондонската…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?