Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство
ПОЛИТИКА

Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство

Објавено September 18, 2025 13:16
Сподели
Сподели

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова се огласи на Фејсбук по повод грозоморното двојно убиство и самоубиство кои го завија Велес во црно изминатите неколку денови.

Предложив на 1-ви април да превенираме, за никогаш повеќе да не санираме штети кои се ненадоместливи. Кога зборував, молчеа. Молчеа и без аргументи го отфрлија предлогот за електронска нараквица за превенција на жртвите од насилство. Дали денес мирно спиете сите 102 што пратеника што не дадовте поддршка?!? Доволно е“, пишува во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.

На седницата во Собранието, одржана на 1 април, ЛДП поднесе предлог за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, со кој ќе се доуреди привремената мерка забрана за приближување на сторителите до жртвите.

Предлогот значеше дека покрај забраната за приближување, сторителот на себе треба да има електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува до одредено место, односно на оддалеченост помала од 100 метри.

Предлог законот не се изгласа, односно на седницата доби подршка само од 12 пратеници/чки, додека 102 пратеника воопшто не се изјаснија, велат од ЛДП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ова е напаѓачот на младите фудбалери во Штип, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик
Следна Статија Николоски: Креираме нов Правилник за изградба на велосипедска инфраструктура, безбедност во сообраќајот е врвен приоритет

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје, наредната недела ќе ги објавиме сите кандидати

ВРЕДИ ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје, како и за Општина Чаир, во Струга ќе го поддржи независниот…

July 24, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави синоќешната акција на МВР во која беше уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев,…

March 20, 2026

Николов: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Станува збор за политички притисок, оцени денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов, откако СВР Велес вчера информираше дека му е поднесена…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

ДИК: Излезноста до 18:30 часот е 46,65 отсто

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија. Последниот одзив е…

October 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?