Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ова е напаѓачот на младите фудбалери во Штип, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ова е напаѓачот на младите фудбалери во Штип, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик
ХРОНИКА

Ова е напаѓачот на младите фудбалери во Штип, судењето се одложи зошто немало превод на албански јазик

Објавено September 18, 2025 13:05
Сподели
Сподели

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но се одложи, бидејќи неговиот бранител побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предлог, но и симултан превод во текот на судскиот процес. Судскиот процес продолжува на 29 септември.

Основното јавно обвинителство во Штип,  покрена и обвинителен предлог против 43 годишниот родител, за кривично дело-Насилство, што се случи на игралиштето „Бело Брдо” на 24 август. Инцидентот се случи во 89 минута од натпреварот, кога судијата поради прекршок доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот кој играл за ФК „Шкупи”.

Незадоволен од одлуката најпрвин синот се однесувал неспортски и со тупаници и клоци се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на ФК „Брегалница”. Тогаш на терен влегол таткото. И тој со тупаници и клоци почнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеници на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот, се вели во соопштението од ОЈО од 25 август.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш му изрече најстрога казна  исклучување од фудбалска организација на играчот со дрес број девет на ФК „Шкупи“, чијшто родител е во притвор. Покрај него на уште двајца фудбалери на „Шкупи“ кои се вклучени во инцидентот им е изречена казна забрана за играње во траење од три месеци. Казна да не игра четири натпревари заработи и 15 годишен фудбалер на штипска „Брегалница“, којшто се впуштил во груба игра и самозаштита при нападот. За овој инцидент има и мерки и за двата фудбалски клубови.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на пм₁₀ честичките, се вели во Извештајот на Министерството за животна средина
Следна Статија Зајкова: 102 молкa, 1 живот помалку – електронска белезица за сторителите на насилство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Екс директорот на „Комунална хигиена“ – Сабахадин Рустеми доби кривична

Финансова полиција поднесе кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахадин Рустеми, против кој има основано…

March 13, 2026
ХРОНИКА

За Први мај фатени 132 пијани возачи, а 114 без возачка дозвола

Редовните сообраќајни контроли во текот на вчерашниот ден на патиштата низ земјава, од вкупно 613 издадени платни налози дури 132…

May 2, 2025
ХРОНИКА

Aдвокатот на Видевски прашува: Kaко Панче е убиен во 10 и 30 утрото кога цела Македонија го виде како полни бензин во 12 и 30 часот?

Адвокатот Бојан Манев, бранител на обвинетиот Боре Видевски, исто така рече дека ќе вложи жалба на денешната пресуда. -Секако дека…

June 25, 2025
ХРОНИКА

Македонски камионџија заврши во затвор, откако пијан направил сообраќајка патот Солун – Калохори

Четириесет и деветгодишен македонски државјанин е осуден на затворска казна од 15 месеци во Солун, откако вчера под дејство на…

April 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?