Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За Велигден надвор од Македонија: Над 16 000 заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За Велигден надвор од Македонија: Над 16 000 заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
МАКЕДОНИЈА

За Велигден надвор од Македонија: Над 16 000 заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие

Објавено April 10, 2026 18:28
Сподели
Сподели

Празничниот продолжен викенд направи гужви на граничните премини за излез од државата. Најголем метеж има на премините кон Србија и кон Грција.

На Граничниот премин „Богородица“ од вчера напладе до денеска напладне излез од државава оствариле 6864 македонски граѓани, а излез 1394. Во истиот период регистриран е влез во државава на 4.753 странски државјани и излез на 5070, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи, по денешниот старт на целосната имплементација на новиот дигитален систем на Европската унија, EES, за влез и излез од Шенген – зоната.

Преку ГП „Табановце“ од 12:00 часот вчера до 12 часот денеска е регистриран излез на 9150 македонски државјани, а влез на 3158 . Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 7360 а ја напуштиле нашата држава 5449 лица.

Во истиот период преку ГП „Дојран“ излегле 546 македонски државјани, а влегле 241. Влез оствариле и 1212 странски државјани, а излез 1114. Преминот „Меџитлија“ во тој период за излез го искористиле 831 македонски државјани, а за излез 129. Преку тој граничен премин во државава влегле 3347 странски држајни, а излегле 3038.

Од ГП „Дојран“ велат дека првиот ден од почетокот на новиот дигитален систем на Европската унија, се одвива без поголеми задржувања и оти сообраќајот се одвива нормално и покрај тоа што е продолжен викенд.

– Нема посебно зголемување на бројот на евидентирани возила, за разлика од другите денови. Се чека до пет минути на македонската, и 10 до 15 минути на грчката граница. Првиот ден од имплементацијата на новиот систем поминува без проблеми, соопштија од ГП Дојран, од каде велат дека иста е состојбата и со граничниот премин Богородица во Гевгелија.

Со целосната имплементација на системот за влез во Европската Унија на надворешните граници на ЕУ се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Со воведувањето на овој систем, влезовите и излезите се евидентираат електронски, а системот ќе овозможи обработка на основни биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија), со цел побрза идентификација и поефикасно следење на дозволениот престој согласно правилото „90 дена во период од 180 дена“ со што времето на задржување на граничните премини за влез во ЕУ би се зголемило.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија EES системот го блокираше влезот во Хрватска, патниците чекаат со часови
Следна Статија ДУИ смета дека предлог-законот за правична застапеност е „брутален регрес“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој…

September 27, 2024
ХРОНИКА

Приведена на Табановце жена која сакала да внесе печурки со психотропни супстанци

На 19.01.2026 во 09:00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.С.(27)…

January 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, значително подобрена и состојбата во Дрисла

Пожарот во Трубарево е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја, изјави попладнево директорот на…

September 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се качил на покрив на таксито за да го одбрани од “Пајакот”

Таксист се качи на покривот од своето возило за да спречи службата за подигање на возила (пајак) да го однесе…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?