Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ смета дека предлог-законот за правична застапеност е „брутален регрес“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ смета дека предлог-законот за правична застапеност е „брутален регрес“
ПОЛИТИКА

ДУИ смета дека предлог-законот за правична застапеност е „брутален регрес“

Објавено April 10, 2026 18:31
Сподели
Сподели

Демократската унија за интеграција реагира на предлог-законот за правична и соодветна застапеност, оценувајќи дека станува збор за отворено предавство од страна на ВЛЕН на досегашните достигнувања во областа на еднаквоста.

Од партијата велат дека наместо напредок, предложеното законско решение претставува, како се посочува, брутален регрес, потенцирајќи дека документот не ги содржи клучните механизми за обезбедување правична застапеност.

„Предлог-законот за правична и соодветна застапеност, изработен од Каракамишева и гласно поддржан од ВЛЕН, не е напредок, туку брутален регрес. Секогаш кога мислиме дека го допреле дното, тие наоѓаат нов начин да паднат уште подолу“, велат од ДУИ.

Според ДУИ, во предлогот што циркулира низ медиумите не се предвидени етнички квоти, што, како што наведуваат, може да доведе до состојба слична на периодот пред 2001 година, кога застапеноста на Албанците во администрацијата била минимална.

Дополнително, се посочува дека не постои обврска институциите да ги идентификуваат граѓаните по етничка основа при вработување или унапредување, ниту пак се предвидени санкции за непочитување на одредбите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За Велигден надвор од Македонија: Над 16 000 заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
Следна Статија Левица: Трипуновски ги етикетира земјоделците за да си ја спаси фотелјата – бараме итна оставка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Касами: Поединци ја напуштаат Алијанса за Албанците, останатите ќе се интегрираат во новата партија „Вреди“

Претседателот на Движење Беса, Биљал Касами по оставките на дел од владините функционери од редовите на Алијанса за Албанците (АА),…

May 20, 2025
ПОЛИТИКА

Моника Зајкова не сака предвремени избори

Мене ми е искрено многу жал што само ЛДП како партија зборува за кратење на нерационалните трошења во државава затоа…

June 13, 2026
ПОЛИТИКА

Движењето ЗНАМ отвори AI-платформа за директен дијалог со граѓаните, „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше, како што велат, првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

(Видео) Ристески од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал патриотски нагон и затоа станал член на СДСМ

Во најавената епизода на „На кавга со Иван“, новинарот Иван Мирчевски го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, дали во…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?