Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Левица: Трипуновски ги етикетира земјоделците за да си ја спаси фотелјата – бараме итна оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Левица: Трипуновски ги етикетира земјоделците за да си ја спаси фотелјата – бараме итна оставка
ПОЛИТИКА

Левица: Трипуновски ги етикетира земјоделците за да си ја спаси фотелјата – бараме итна оставка

Објавено April 10, 2026 18:34
Сподели
Сподели

Политичката партија Левица упати остри критики до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, обвинувајќи го за ароганција и координирани напади врз сопствениот народ. Според партијата, наместо социјален дијалог и решенија, власта на ДПМНЕ одговорила со јавна дискредитација на земјоделците и сточарите кои преку протести ги бараат своите загарантирани права.

​Од Левица тврдат дека министерот организира партиски средби исполнети со послушници, но кога ќе се соочи со „вистинските маки на терен“, тој прибегнува кон оцрнување на сите кои поставуваат непријатни прашања за неисполнетите ветувања.

​„Дека овој министер и оваа влада се целосно без компас, потврдува фактот што по повеќе од еден месец од економската криза, сè уште нема ниту една мерка за стабилизација на цените на храната, ниту пак е обезбедена ветената ‘зелена нафта’ за земјоделците. Трипуновски приредува ‘ток-шоуа’ за да му се додвори на Мицкоски пред најавената реконструкција на владата, додека земјоделието тоне“, се вели во соопштението.

​Партијата нагласува дека како заштитник на работничката класа и земјоделците, повеќе нема да толерира игнорантски однос кон секторот кој е најмногу погоден од ценовните шокови. Левица јасно го повтори своето барање за итна оставка на министерот Трипуновски и побара од Владата итно усвојување на антикризни мерки кои ќе значат директна финансиска и енергетска поддршка за домашното производство на храна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ДУИ смета дека предлог-законот за правична застапеност е „брутален регрес“
Следна Статија Сијарто до Зеленски: Престани присилно да ги регрутираш Унгарците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Бојан Јовановски: Бев будала што верував во Шарената револуција, тие што дојдоа беа гладни и жедни за власт

Бојан Јовановски ја отвори душата за „ТВ Пинк“ и и по толку време ги раскажа деталите што му претходеа на…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото е многу задоцнета

Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото од 18 на 10 проценти е многу задоцнета и далеку од доволна и…

March 22, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче вели заслужил одмор на јахта, но крие чија е истата – негира и дека е на „жешка линија“ со Заев

На денешната прес конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли обвинувањата дека поседува недвижнини и други луксузни добра во…

August 27, 2025
ПОЛИТИКА

Фетаи на средба со Курти, без Таравари – Алиу: Ќе го продолжам процесот што го започнавме заедно во ВРЕДИ

Станува јасно дека дел од АА веќе нема да го следи Арбен Таравари. Вицепремиерот Арбен Фетаи, заедно со Азир Алиу,…

May 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?