Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За два месеци ќе се прошири и ќе се модернизира охридскиот аеродром
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За два месеци ќе се прошири и ќе се модернизира охридскиот аеродром
МАКЕДОНИЈА

За два месеци ќе се прошири и ќе се модернизира охридскиот аеродром

Објавено June 7, 2026 17:40
Сподели
Сподели

За околу два месеци, аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе биде комплетно конструиран. Градежните активности се во завршна фаза. Ова денеска го констатираше заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, извршија увид во градежните работи.

Вицепремиерот Николоски истакна дека оваа модернизација на охридскиот аеродром е прв пат од неговата изградба и треба да овозможи зголемување на капацитетот на патници и бројот на нови авиолинии. Како што истакна, работите се над 65 проценти реализирани, а она што е можеби најважно е што градежните активности се одвиваат без притоа да се наруши работата на аеродромот, односно приемот и испраќањето патници.

–Реконструкцијата и надградувањето на охридскиот аеродром е нешто што му требаше на аеродромот долго време и, еве, конечно се случува. Околу два месеци од денес ќе имаме аеродром кој ќе изгледа како вчера да се изградил, со целосно ново решение, проширување на терминалната зграда, проширување на делот за слетување, проширување на делот за полетување, значи за патниците на доаѓање, за патниците на заминување, што дополнително ќе значи голем економски стимул. Ако на тоа го ставиме и автопатот Охрид – Кичево, делот што води до аеродромот, гледате дека веќе е завршен, за брзо време ќе имаме отворање на нови делници од овој автопат, тоа значи една целосна преродба за целиот регион. Би сакал тука да им се заблагодарам на Изведувачите за одличната работа тука на аеродромот и за работата на популарната Воена болница, градската болница во Скопје, каде што прв пат се случи реконструкција по нејзината градба и во моментов имаме најмодерна болница буквално од Атина до Виена – истакна Николоски.

Директорот на „ТАВ Македонија“ Курт, од своја страна посочи дека реконструкцијата и проширувањето на аеродромот во Охрид е проект вреден 2,7 милиони евра, средства што ќе овозможат удобност и пријатност за сите патници, но и подобри оперативни услови за вработените.

Тој очекува модернизацијата на охридскиот аеродром да придонесе за натамошно позиционирање на Охридскиот Регион и Македонија како една од најатрактивните и најдостапни туристички дестинации во Европа, а во соработка со авиокомпаниите и со поддршка на Владата ќе продолжи проширувањето на мрежата на директни линии и зајакнувањето на меѓународната поврзаност на аеродромот.

Утринава слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид – Вроцлав (Полска), додека веќе утре ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна од Охрид – заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Вицепремиерот Николоски наведе дека домашните аеродроми имаат најголем пораст во регионот со преку 31 % пораст во првите пет месеци од годината, што се очекува да се надмине бројката од 3,5 милиони патници на годишно ниво.

– Овие две нови линии ќе значат многу повеќе патници, многу повеќе туристи кои доаѓаат во Македонија, многу повеќе луѓе кои ќе доаѓаат да прават бизнис во Македонија и дополнително отвореност кон светот. Охридскиот аеродром целосно се отвора кон Полска, отвораме две значајни маршрути кои ќе значат дека полските туристите можат да го посетуваат Охридскиот Регион, да ги посетуваат Охрид, Струга, Дебарца, локалните економии да растат и туризмот да расте, но исто така, овие летови не се само туристички, не се само сезонски, тие треба да донесат дополнителна вредност на целиот овој регион. Ако на тоа се додаде дека веќе од оваа недела повторно почнува да лета дестинацијата Белград – Охрид и Истанбул – Охрид, тогаш веќе приказната се заокружува. Бројките се одлични, бројките се, би рекол неочекувани – истакна вицепрeмиерот Николоски и додаде дека нова цел е бројот на патници да надмине 4 милиони годишно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Македонија ја пропушта европската шанса, СДСМ почнува „нова одговорност“
Следна Статија Тројца починати мажи вчера биле пронајдени во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Досега издадени околу 40.000 студентски ваучери за електронски уреди, рокот за аплицирање е до 20 декември

Преку Министерството за дигитална трансформација (МДТ) досега на студенти се издадени приближно 40.000 ваучери за набавка на електронски уреди, а…

December 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oтворен генерален конзулат на Албанија во Струга

 Република Албанија е наш сосед, регионален партнер во НАТО и сојузник, а односите и соработките меѓу двете земји се засновани…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: Голема поплава во Влае поради пукната цевка – без вода останаа неколку населби во Скопје

Вечерва во скопската населба Влае пукна една од главните водоводни цевки, предизвикувајќи голема поплава на неколку улици. Водата навлезе во…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекциски контроли во рестораните, месарниците и рибарниците

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на…

December 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?