Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За еден ден преполовени прекршоците во системот „Безбеден град“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > За еден ден преполовени прекршоците во системот „Безбеден град“
МАКЕДОНИЈА

За еден ден преполовени прекршоците во системот „Безбеден град“

Објавено December 3, 2025 16:07
Сподели
Сподели

Вториот ден од тест-периодот на системот „Безбеден град“ бил со двојно помал број регистрирани сообраќајни прекршоци.

Податоците од Министерството за внатрешни работи (МВР) покажуваат дека на 1 декември системот регистрирал 110 илјади прекршоци, а ден подоцна бројката паднала на 50 652 прекршоци за 24 часа.

Од вкупниот број прекршоци регистрирани на 2 декември, убедливо доминираат казните за брзо возење – 48 861. За поминување на црвено светло биле регистрирани 1 366 прекршоци, а биле „фатени“ и 425 нерегистрирани возила.

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден, за само 12 часа се регистрирани 22 600 прекршоци, од кои речиси 95 отсто односно 21 400 се за пречекорување на брзината.

Најголемата регистрирана брзина во тест-периодот изнесувала 209, додека најмалата брзина за која е регистрирана казна е 51 километри на час.

Системот, како што велат од МВР за МИА, веќе идентификувал сообраќајни „жешки точки“ во градот каде што најчесто се кршат правилата.

Најбрзо се возело на излезот од Скопје кон Тетово и на булеварот „Никола Карев“, додека најмногу прекршоци за поминување на црвено се регистрирани на раскрсницата на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“.

Од МВР велат дека системот „Безбеден град“ вчера во периодот од полноќ до пладне има евидентирано најмногу прекршоци за возење побрзо од дозволената брзина на излезот од Скопје кон Тетово, каде се регистрирани 4 300 прекршоци, како и на булеварот „ Никола Карев“, каде се регистрирани 3 000.

„Додека за поминување на црвено се регистрирани најмногу прекршоци на улиците ’Цветан Димов’ и ’Џон Кенеди’ – 45 прекршоци“, стои во одговорот од МВР.

Инаку, од 1 декември почна пробниот период за системот „Безбеден град“ за автоматизирано регистрирање сообраќајни прекршоци кој ќе трае еден месец, односно до 1 јануари 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сензори ќе ја ловат бучавата во Центар, започна поставувањето на 30 дигитални уреди
Следна Статија Прво огласување на Милевски по заминувањето од селекторската позиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Земјотрес со магнитуда 3,5 почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Македонија, покажуваат првичните податоци од сеизмолошките служби.…

May 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

Повеќе од 15 години нема конкретна законска забрана за употреба на пиротехнички средства во објекти од затворен тип, утврди ДКСК

Повеќе од 15 години нема забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти и простории од затворен тип иако се…

April 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Авион на „Визер“ кој летал од Скопје до Париз итно слетал во Брисел поради здравствен проблем на патник

Авион на компанијата „Визер“ (Wizz Air), кој утрово летал на линијата Скопје до Париз, принудно бил пренасочен кон аеродромот во…

February 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби

Во моментов се собираат повеќе докази за тоа дали полицискиот службеник кој бил на смена кога Артан Груби ја напуштил…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?