Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките
ЕКОНОМИЈА

За осум месеци затворени десетина конфекции, странските партнери ги намалија порачките

Објавено September 13, 2025 16:52
Сподели
Сподели

За осум месеци затворени се десет конфекции, ова се проценките на Ангел Димитров од Организација на работодавачи. Тој посочува дека сите се во источна Македонија, а причината е намалувањето на порачките од страна на странските партнери.

-Јас немам точен податок, но од она што ми го кажуваат колегите, на околу десеттина конфекции им е ставено клуч на врата. Сите се речиси од источниот дел, и тие што не затвараат ги намалуваат работниците, особено со заминување на постарите работници во пензија и немат намера да вработат нови луѓе и да ја одржат дејноста на она ниво што било порано, вели во изјави за МИА Димитров.

Тој посочува дека текстилниот сектор изминатите години преживеа три кризи, по што се намалија и налозите од традиционалните германски партнери. Димитров вели дека во моментов македонските текстилни конфекции работат на помали налози, бидејќи токму овие налози конфекциите од Бангладеш, не ги прифаќаат. Во оваа индустрија останаа да работат 25 000 работници.

-Од 2010 па наваму производството на облека се наоѓа во постојано опаѓање на бројот работниците, а со тоа опаѓа и бројот на работници и извозот. После корона кризата тоа опаѓање се засили, особено дојде до израз со проблемите што ги има германската економија, како наш најголем партнер. Почетокот на војната во Украина и енергетската криза, тоа предизвика пад на побарувачката на текстилни производи во Германија, што директно влијеше на работењето на нашите конфекции, изјави Димитров.

Тој вели дека во моментов во мирување се седниците на Економски-социјалниот совет, последната ја имале во август, а очекува да продолжат по изборите, на коишто ќе ги презентираат своите барања како работодавачи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Загина маж, откако паднал и бил прегазен од тракторот
Следна Статија Јадете и губите килограми: Есенски намирници што помагаат за слабеење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Големи анализаторски препораки: Nvidia, Apple, Tesla, Palantir, Zoom, Microsoft, Roku, Netflix и други

Клучни финансиски анализи кои ги следат инвеститорите

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во октомври годишен раст на каматната стапка кај депозитите и пад кај кредитите

Просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври изнесува 2,20 проценти и бележи годишен раст од 0,13 процентни поени, додека…

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Хјундаи и Кија ќе поправаат милиони возила во договор за подобрување на против-кражбената технологија

Автомобилските производители Хјундаи и Кија мора да понудат бесплатни поправки на милиони модели според договор објавен во вторник од генералниот…

December 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Во 2022 година, речиси секој петти Македонец бил сиромашен

Во 2022 година, стапката на сиромашни лица во Македонија била 22,9 отсто, покажаа дефинитивните податоци за Лаекенските индикатори за сиромаштијата,…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?