Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За само три месеци банките ќариле над 72 милиони евра, колку милиони искеширале граѓаните за камати?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За само три месеци банките ќариле над 72 милиони евра, колку милиони искеширале граѓаните за камати?
ЕКОНОМИЈА

За само три месеци банките ќариле над 72 милиони евра, колку милиони искеширале граѓаните за камати?

Објавено June 2, 2025 10:14
Сподели
Сподели

Роди ме мајко со ксмет банкар да станам. Вака може да се протолкува старата народна за македонски услови. Додека стопанството постојано се жали дека е во криза, за македонските банки нема криза. Ако 2024 година ја завршија со рекордна добивка од речиси 283 милиони евра, одлично им оди и во првите три и месеци од годинава. Заработиле речиси 72,6 милиони евра, објави ТВ21.

Податоците на Народната банка покажуваат дека само за три месеци од годинава банките наплатиле од граѓаните и бизнисот над 146 милиони евра само од камати. Само домаќинствата пак за камати платиле над 58 милиони евра во домашните банки. Бројките покажуваат дека нето-приходот од камати за банките бил речиси 113 милиони евра.

За надоместоци и разни банкарски провизии пак граѓаните и бизнисот оставиле 44 милиони евра во домашните банки. Нето приходот од провизии за банките, во првиот квартал годинава бил над 27 милиони евра.

Математиката покажува дека само за камати и провизии граѓаните и компаниите платиле над 190 милиони евра.

Но во кои банки завршил најголемиот профит?! Податоците на Народната банка покажуваат дека речиси цел колач завршил кај петте големи банки во земјава. Или од 72,6 милиони евра профит, кај нив завршиле 66,4 милиони евра. Остатокот го делеле трите средни и петте мали банки во земјава.

Финансиските извештаи на банките покажуваат дека најголема добивка за првите три месеци од годинава имаат три од најголемите банки, и тоа Комерцијална, НЛБ банка и Стопанска банка- Скопје. Комерцијална има најголем профит од над 19 милиони евра, потоа е Стопанска банка Скопје со 14 милиони евра, а добивката на НЛБ Банка 11 милиони евра. Податоците покажуваат дека трите најголеми банки имаат поголем профит од сите останати компании на Македонската берза.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Во Колорадо, маж фрли молотови коктели и запали луѓе, шестмина повредени
Следна Статија Асмир Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Прв лет Амстердам – Скопје по 12 години

 По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија  го реализираше првиот…

March 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска Кочоска најавува година на инвестиции и фискална консолидација и одржливост

Буџетот за 2025 година е документ со кој Владата ги најавува промените во политиките коишто се во насока на остварување…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Овој автопат јасно ја покажува разликата меѓу сегашната и минатата Влада

Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун. На свеченото…

July 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нови германски инвестиции и очекување растот на БДП да надмине три отсто, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива…

October 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?