Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За стабилен систем за 1 Мај, МЕПСО може да исклучува фотоволтаици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За стабилен систем за 1 Мај, МЕПСО може да исклучува фотоволтаици
ЕКОНОМИЈА

За стабилен систем за 1 Мај, МЕПСО може да исклучува фотоволтаици

Објавено April 30, 2025 10:10
Сподели
Сподели

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.

Одлуката е донесена на вонреден состанок на министерката Божиновска со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауновски.

Овие два дена во Атина, каде што се одржува Балканскиот енергетски самит, разговаравме со колегите од регионот и се координиравме околу мерките што сите земји мора да ги преземат за стабилен систем. Како веќе информиравме, со координација меѓу сите клучни енергетски чинители и по насока на ENTSO-E, МЕПСО веќе примени дел од тие мерки за велигденските празници и успеавме да го неутрализираме ризикот од блек-аут – граѓаните имаа непречено снабдување со електрична енергија. Проценките се дека ваквата состојба ќе продолжи и за престојните првомајски празници и затоа е неопходно овие мерки повторно да се активираат – изјави министерката Божиновска.

Оваа мерка, која за првпат беше применета за време на велигденските празници, подразбира привремено исклучување на фотоволтаични електрани со цел да се растерети електроенергетската мрежа и да се овозможи сигурно управување со системот во услови на зголемени флуктуации и оптоварување.

Мерките предвидуваат примена на корективни диспечерски интервенции, односно привремено и наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните електрани поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа, со што МЕПСО ќе има целосна можност да го раководи системот и да ја обезбеди неговата стабилност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВООРУЖЕН КАКО РАМБО ШЕТАЛ НИЗ РАДОВИШ Маж облечен во воена униформа со пушка, лисици и со куршуми предизвика паника
Следна Статија Маск повеќе не доаѓа во Белата куќа, се очекува неговото заминување од Одделот за владина ефикасност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Индустриското производство во јули зголемено за 4.1 процент на годишно ниво

Индустриското производство во јули годинава е зголемено за 4,1 проценти во однос на јули лани, а за три проценти во…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари прва работна средба со директорот на Светската банка во Македонија, Масимилијано Паолучи.…

June 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Евалуација на следењето на синџирот на мислата – OpenAI

Претставуваме евалуации за следење на синџирот на мислата и проучуваме како тоа се менува со пресметковното време за тестирање, зајакнувачкото…

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кочоска: Владата успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3 проценти

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од панелистите на трибината која што се одржа во општина Прилеп, на…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?