Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За тие што не гледаа: Oва се головите од вчерашниот луд меч во Манчестер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > За тие што не гледаа: Oва се головите од вчерашниот луд меч во Манчестер
СПОРТ

За тие што не гледаа: Oва се головите од вчерашниот луд меч во Манчестер

Објавено April 18, 2025 19:24
Сподели
Сподели

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ја опиша како лудило синоќешната победа од 5-4 над Олимпик Лион во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа.

„Ако го побарате зборот „луд“ во речникот, веројатно најдобро одговара за овој натпревар. Беше луда игра и неверојатно е што дојдовме до резултатот што ни овозможи пласман понатаму“, рече Мегваер, кој го постигна победоносниот гол за Манчестер Јунајтед во последните моменти од натпреварот.

Откако првиот натпревар во Лион заврши нерешено 2-2, Јунајтед на реваншот на „Олд Трафорд“ водеше со 2-0 по првите 45 минути со головите на Угарте (11) и Далот (45+1). Сепак, Лион израмни на 2-2 преку Толисо (71) и Таљафико (78) и избори продолженија.

Францускиот тим дополнителните половина час ги почна со играч помалку поради исклучувањето на Толисо во 89. минута. И со играч помалку Лион поведе и дојде до навидум недостижни 4-2 со головите на Черки (104) и Лаказет (109-пенал). Кога се чинеше дека Лион ќе продолжи во полуфиналето, Јунајтед од 114. до првата минута од судиското продолжение, постигна три голови за нов голем пресврт во натпреварот. Бруно Фернандеш (114) реализираше пенал, а Маино (120) и Мегваер (120+1) погодија во самиот финиш на дуелот.

Во второто полуфинале ќе играат Тотенхем и Бодо/ Глимт.

Полуфиналните натпревари се на програмата на 1 и 8 мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oва е Матео, готвачот што ослабна 89 килограми
Следна Статија Украина губи територии, нема да влезе во НАТО никогаш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Шкендија дебитираше со пораз во Конференциската лига

Шкендија не успеа да го подобри македонскиот скор со шпанските клубови, откако вчера во Мадрид изгуби од Рајо Ваљекано со…

October 3, 2025
СПОРТ

Се самоуби летонскиот кошаркар Јанис Тима

Летонскиот кошаркар Јанис Тима ноќеска се самоуби во Москва. Се дознава дека телото на 32-годишниот Тима било пронајдено во влезот…

December 17, 2024
СПОРТ

Натпревар по кој следува дисциплинска постапка поради физички пресметки

Настан по завршувањето на натпреварот предизвика потенцијални дисциплински мерки

November 26, 2025
СПОРТ

Шпански медиуми: По 30 години заднички живот, се разведува Пеп Гвардиола

Пеп Гвардиола и Кристина Сера се разведуваат, пренесува шпанскиот весник El Periódico. Менаџерот на Манчестер Сити и неговата сопруга ја…

January 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?