Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За тие што не гледаа: Oва се головите од вчерашниот луд меч во Манчестер
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > За тие што не гледаа: Oва се головите од вчерашниот луд меч во Манчестер
СПОРТ

За тие што не гледаа: Oва се головите од вчерашниот луд меч во Манчестер

Објавено April 18, 2025 19:24
Сподели
Сподели

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, ја опиша како лудило синоќешната победа од 5-4 над Олимпик Лион во реваншот од четвртфиналето во Лига Европа.

„Ако го побарате зборот „луд“ во речникот, веројатно најдобро одговара за овој натпревар. Беше луда игра и неверојатно е што дојдовме до резултатот што ни овозможи пласман понатаму“, рече Мегваер, кој го постигна победоносниот гол за Манчестер Јунајтед во последните моменти од натпреварот.

Откако првиот натпревар во Лион заврши нерешено 2-2, Јунајтед на реваншот на „Олд Трафорд“ водеше со 2-0 по првите 45 минути со головите на Угарте (11) и Далот (45+1). Сепак, Лион израмни на 2-2 преку Толисо (71) и Таљафико (78) и избори продолженија.

Францускиот тим дополнителните половина час ги почна со играч помалку поради исклучувањето на Толисо во 89. минута. И со играч помалку Лион поведе и дојде до навидум недостижни 4-2 со головите на Черки (104) и Лаказет (109-пенал). Кога се чинеше дека Лион ќе продолжи во полуфиналето, Јунајтед од 114. до првата минута од судиското продолжение, постигна три голови за нов голем пресврт во натпреварот. Бруно Фернандеш (114) реализираше пенал, а Маино (120) и Мегваер (120+1) погодија во самиот финиш на дуелот.

Во второто полуфинале ќе играат Тотенхем и Бодо/ Глимт.

Полуфиналните натпревари се на програмата на 1 и 8 мај.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oва е Матео, готвачот што ослабна 89 килограми
Следна Статија Украина губи територии, нема да влезе во НАТО никогаш

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

(Видео) Реал го освои Светското клупско првенство

Фудбалерите на Реал Мадрид се новите светски шампиони во клупска конкуренција. Кралскиот“ клуб со 3:0 ја совлада мексиканската Пачука во…

December 19, 2024

Квин Хјуз трансфериран во Минесота Вајлд од Ванкувер Канакс

Ванкувер го добива Роси, Охгрен, Буим и првиот избор во 2026 година за актуелниот добитник на Норис трофејот

December 14, 2025
СПОРТ

Играчите на Шкендија не ги слушнале повиците дека треба да примат медали како поразени во Купот

КФ Шкендија ја прифаќа одговорноста за разочарувањето предизвикано кај нашите навивачи со поразот во финалето на Купот на Македонија. Овој…

May 21, 2026
СПОРТ

Ноле казнет дека пцуел и ја повторил псовката

– Седумкратниот освојувач на Вимблдон, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, е казнет парично со 5.600 фунти за недолично однесување за време…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?