Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ
ЕКОНОМИЈА

За 95 проценти од синдикатите на УПОЗ, прифатлив е договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти, велат од УПОЗ

Објавено February 6, 2026 14:10
Сподели
Сподели

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални организации на УПОЗ прифатлив е договорот со Владата зголемување на платите за 40 проценти, информираат од УПОЗ.

Согласно прифатениот предлог, како што нагласуваат, синдикалните организации при Синдикатот на УПОЗ во текот на денешниот ден се изјаснуваат дали се за зголемување на своите плати за 40 проценти.

– По изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ во текот на наредната недела, ќе оствари работна средба со претставниците на Владата на која ќе биде договорен опфатот и теркот на колективниот договор – се вели во соопштението од УПОЗ.

Вчера претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски по средбата со премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата го прифатила барањето на УПОЗ, но не во целост, и дека е важно е што се прифатило да се исплаќаат додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството.

– Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти, за жал, не по 10. Пак ќе повторам, за жал, не ги добивме минатата година, меѓутоа, еве, Владата прифати да ги исплаќа од сега со почетокот од март преку начин што сите институции од државната управа и правосуството, значи судовите, обвинителствата… ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право – рече Деаноски.

Појасни дека за ова да се реализира, треба се спреми текстот на овие колективни договори заедно со претставниците на Владата и Синдикатот. Потоа договорите треба да бидат ставени на гласање пред органите и телата на Синдикатот.

Тој нагласи дека ако членовите ги прифатат договорите, ќе може веднаш да се продолжи со нивно потпишување.

УПОЗ вчера преку соопштение информира дека зголемувањето на платите за сите вработени во управата и правосудството е поголемо од веќе обезбеденото зголемување со Општиот колективен договор за јавниот сектор како поповолно право за работниците.

–Дополнително, во пресметката на платите на вработените како компонента на платата останува минималната плата, а борбата за зголемување на минималната плата за сите работници продолжува сè до нејзино зголемување, а со тоа и зголемување на платите на сите работници што во својата пресметка на плата ја имаат минималната плата. Платата во единиците на локалните самоуправи може да се зголемува преку склучување поединечни колективни договори – стоеше во вчерашното соопштение од УПОЗ.

Средбата следуваше откога премиерот даде понуда за раст на платите за која УПОЗ потврди дека е прифатлива и дека дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.

Мицкоски средбата со УПОЗ ја оцени како конструктивна, потенцирајќи дека ги презентирале пред претставниците на синдикатот условите и правилата за зголемување на платата на административците за 40 проценти, додавајќи дека сега очекува одговор од нивна страна дали го прифаќаат предлогот од страна на Владата.

– Ние имаме два репрезентативни синдикати кои се дел од Економско-социјалниот совет и тие ги застапуваат правата на работниците. Денеска имавме состанок со УПОЗ или народски кажано тоа е синдикатот на административците, кои се гранка од ССМ. Едниот од репрезентаитвните синдикати, а пред една недела или 10-тина дена имавме состанок со втората репрезентативна синдикална група од КСС, која исто така ги претставува правата на работниците, односно административците. Таму имаме два репрезентитивни синдикати – рече Мицкоски во вчерашното интервју во Дневникот на МРТ.

За состанок со УПОЗ, премиерот рече дека дале понуда за која претходно зборувал во јавноста.

– Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред. Тие исто како и претставниците од гранката на КСС рекоа да се консултираат со раководството во рамки на својата синдикална гранкова единица и потоа во текот на утрешниот ден ќе не информираат. И доколку е се во ред, тогаш во недела би требало конечно да се согласиме и од понеделник да почне изготвувањето на т.н. темплејт, односно примерок како би изгледал тој индивидуален синдикален договор и понатаму нормално тој во различни работни единици ќе се усвојува и врз основа на тоа ќе почне исплатата на платите од април за мартовска плата оваа година, која би опфатил 8 процентно зголемување на збирот од сегашната плата зголемена за растот на минималната плата што треба да се нивелира. Истото ова би се реплицирало и во 2027 година и во 2028 година. Што значи дека за отприлика за две години и два, три месеци од сега, административните службеници, тие кои што не добиле зголемување, како што добија некои од нив во минатото, ќе имаат минимално 40 проценти поголема плата, споредено со денешното ниво – појасни вчера Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Следна Статија Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 %

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Каматната стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од 4,5 проценти

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде помала од маргината…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија останува закована на дното по висината на платите споредени со регионот

Македонија никако да мрдне од мртва точка, што се однесува до месечните примања на граѓаните, па така земјава и натаму…

December 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

ССК призна дека ја излажал Комисијата за заштита на конкуренцијата за картелот на маркети

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) признал дека ја лажеле Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) околу состаноците на…

March 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За три години ќе имаме нов, модерен и безбеден автопат Прилеп- Битола, во сабота започнуваме со активности

Во сабота почнуваат конкретните активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола, проект кој целиот Пелагонски регион го очекува. Автопатот…

October 31, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?