Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група
МАКЕДОНИЈА

Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група

Објавено May 6, 2025 18:23
Сподели
Сподели

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група. Тимот составен од експерти од неколку факултети и институции детално ќе провери во каква состојба се објектите и како најдобро да се завршат. Проектите ќе се ревидираат бидејќи постоечките се застарени.

За да се заврши работата бесплатно, Министерството за образование потпиша меморандум со УКИМ, Градежниот факултет и Службата за општи и заеднички работи.

„Тоа нема да не чини денар бидејќи деканот на градежниот факултет заедно со УКИМ одлучија тоа да го направат како добробит за студентите и за целото општество. Инаку кога тоа би одело на јавен повик, а е огромен проект, веројатно би чинело бескрајно многу средства“ – Весна Јаневска, министерка за образование.

Тендерот за изградба се очекува да биде објавен на крајот на годинава или почетокот на следната. Сè уште не се знае дали ќе се градат двете згради одеднаш или една по една. Тоа ќе зависи од парите што се на располагање во буџетот.

„Најлоша варијанта од се е овие објекти да останат во состојба во која што се, за коишто се потрошени сериозни средства, а со тек на време пропаѓаат“ – Горан Марковски, декан на Градежниот факултет.

Објектите почнаа да се градат во 2015- та, но по четири години градежните активности запреа и оттогаш карабините се оставени да се распаѓаат. При посилен ветер летаат даски и градежни материјали кои се опасни за минувачите.

Лани студентите на ФИНКИ излегоа и на протест зашто немаат свои простории.

„ФИНКИ е еден од најголемите факултети на нашиот универзитет и воопшто во државата, со над пет илјади студенти кои во моментот се распределени на техничкиот кампус на УКИМ, а студентите од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје се сместени во супстандардни услови“ – Биљана Ангелова, ректорка на УКИМ.

„Стоиме на располагање со нашата логистика, човечки потенцијал и кадар да излеземе максимално во пресрет за студентите конечно да добијат соодветни услови за студирање“ – Ивица Томовски, директор на СОЗР.

Според сегашните договори, зградата на ФИНКИ требало да чини речиси 13 милиони евра, но досега завршени и платени се само 14% од работите или безмалку 2 милиони евра. Зградата на ФФК, пак, планирано било да чини околу 7 милиони евра, ама реализирани се само 16% и платени се нешто над 1 милион евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хрватскиот претседател Милановиќ утре во посета на Македонија
Следна Статија Радиоактивното зрачење на одлагалиштето во РЕК Битола не е многу поголемо од дозволените граници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Активни пожари нема, под контрола тој во природниот резерват Јасен

На територијата на државата денеска до 09:00 часот имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои нема ниту еден…

August 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: 20 месеци надворешна политика со резултати

Во изминатите дваесет месеци државата донесе неколку одлуки и склучи договори со исклучително значење за нејзиното стратешко позиционирање, истакна министерот…

February 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Гаши: Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел

Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел. Сега има аргументи и „за“ и „против“. Јас сум…

April 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

АВМУ за заканите на Филипче кон медиумите: Апсолутно е недозволиво

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во однос на изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во…

April 15, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?