Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: “Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд за Иловица: Отворивте војна со народот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > “Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд за Иловица: Отворивте војна со народот
МАКЕДОНИЈА

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд за Иловица: Отворивте војна со народот

Објавено June 24, 2026 14:58
Сподели
Сподели

Граѓанската иницијатива „Здрава Котлина“ остро реагираше на одлуката на Вишиот управен суд со која се поништува одлуката за престанок на важноста на спојувањето на концесиите за рудникот Иловица, оценувајќи дека пресудата е донесена без соодветно образложение.

Во соопштение со наслов „Баравте војна – си добивте војна“, од иницијативата тврдат дека судот донел одлука „со никакво штуро образложение“ и посочуваат дека во пресудата, според нивното толкување, предметот повторно се враќа на одлучување во Владата.

Од „Здрава Котлина“ ја обвинуваат Владата дека не ја искористила можноста да поднесе приговор и дека дозволила да истечат роковите, а притоа сега се повикува на почитување на законите.

Во реакцијата повторно ги наведуваат своите долгогодишни забелешки за проектот Иловица, меѓу кои, како што велат, се поминати рокови, заложување на концесијата како колатерал, условите за експлоатација на рудата, користењето вода од браната Турија, како и потенцијалните еколошки последици од рударските активности.

Активистите поставуваат и прашања за најавените измени на Законот за минерални суровини и ги потсетуваат политичките чинители на ставовите и ветувањата што ги давале во периодот 2023–2024 година, кога се организираа протести против отворањето на рудникот.

„Нема да копате, а отворивте војна со народот“, порачуваат од „Здрава Котлина“, најавувајќи продолжување на отпорот против реализацијата на проектот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Талески за Тошковски: Од „брат да ми е ќе одговара“, две години никој не одговара
Следна Статија Бугарија сега бара да прифатиме дека Јане Сандански и Гоце Делчев се Бугари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука

Ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд туку и за вашите колеги насекаде во судството, и најважно,…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Уште само 8 дена шанса за македонските средношколци да освојат еден милион денари со своја бизнис идеја

Средношколците од цела Македонија имаат уште осум дена да ја пријават својата бизнис идеја и да освојат 1.000.000 денари, во…

October 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, следуваат итни законски измени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Денеска на некои места пообилни врнежи од дожд, еве каде наврна најмногу во изминатите 24 часа

Времето низ Македонија денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а некаде ќе…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?