Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
СВЕТ

Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка

Објавено March 1, 2025 09:18
Сподели
Сподели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервјуто за „Фокс њуз“ изјави дека за неговата оставка одлучува народот на Украина. Неговата изјава уследи по коментарот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам, кој побара на негова оставка.

Не знам дали тој (сенаторот Греам) ќе биде задоволен од моите зборови, но само украинскиот народ може да донесе таква одлука, истакна Зеленски.

Сенаторот Греам синоќа го критикуваше Зеленски по неговата караница со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Греам истакна дека Зеленски „или треба да поднесе оставка и да испрати некого да работиме со нас, или треба да се смени“.

Во меѓувреме, демократите во Конгресот му изразија поддршка на Зеленски.

Поддршка за Зеленски уследи и од украинската армија и од Украинците.

Главниот командант на украинската армија Олександр Сирски изјави вечерва дека војниците на земјата го подддржувааѕт претседателот Зеленски.

Вооружените сили се со Украина, со народот, со врховниот командант (Зеленски). Нашата сила е во единството, напиша Сирски на социјалните мрежи откако Зеленски ја напушти Белата куќа без потпишан договор со САД, и откако Трамп го обвини за „неблагодарност“ и „непочитување“ за време на разговорот.

Сириски додаде „продолжуваме да го уништуваме окупаторот и да се движиме кон победа“.

Поддршка уследи и од премиерот на Украина, Денис Шмигал, кој на Икс објави дека „Прекин на огнот без гаранции е пат кон руска окупација на целиот европски континент“.

Почит за претседателот за неговата храброст и за одбраната на честа на нашиот народ кој ја плати својата слобода со својата крв, напиша на Икс украинскиот вицепремиер Михаил Федоров.

И Украинците на интернет го поддржаа Зеленски.

Навистина историски ден. Целиот свет во живо виде како човек од земја разурната од војна им се спротивставува на двајца насилници, објави еден Украинец на социјалните мрежи, алудирајќи на Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

Додека друг Украинец на Фејсбук наведе дека „Русија долго време ќе се радува на оваа средба“.

Во нашите најлоши кошмари, никогаш не ни замислувавме дека американскиот претседател вака ќе ни зборува. Чувството е како заседа. Намерно понижување, посочи тој. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пелистер ги загуби сите шанси во ЛШ
Следна Статија Денешниот студентски протест е во Ниш, ќе трае до 3 часот по полноќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Се шират снимки од Курск: „Абрамс и Бредли се борат со руски тенкови“

Нова снимка која кружи на социјалните мрежи се чини дека покажува американски тенк и оклопно возило во Курск. Украинската 47-ма…

October 29, 2024
СВЕТ

(ВИДЕО) Како на филм: Побегнал од затвор преку вентилацијата

Во тек е потрага по затвореник од Северна Каролина кој избегал преку системот за вентилација во затворот, соопштија властите. Џон…

February 3, 2025

НАТО со студен туш до Зеленски: Никогаш не ви било ветено членство во НАТО

Лидерите никогаш не ѝ ветиле на Украина членство во НАТО доколку постигне мировен договор со Русија, изјави за новинарите денеска…

February 13, 2025
СВЕТ

Светскиот капитал од Дубаи се сели во Сингапур, дали и македонските бизнисмени ќе мораат да ги префрлаат инвестициите?

Војната на Блискиот исток и неизвесноста кога таа ќе заврши, ги принуди голем дел од бизнисмените своите фирми да ги…

March 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?