Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Денешниот студентски протест е во Ниш, ќе трае до 3 часот по полноќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Денешниот студентски протест е во Ниш, ќе трае до 3 часот по полноќ
БАЛКАН

Денешниот студентски протест е во Ниш, ќе трае до 3 часот по полноќ

Објавено March 1, 2025 09:21
Сподели
Сподели

Протест на српските студенти насловен „Голем едикт“ денеска ќе биде одржан во Ниш, што ќе трае 18 часа – од девет часот до три по полноќ.

Предвидено е студентите да се соберат на четири локации во Ниш, а во 11 часот и 52 минути на плоштадот крал Милан ќе оддадат почит за 15 жртви при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Меѓу загинатите е и македонскиот државјанин Васко Саздовски.

Второто оддавење на почит за загинатите ќе биде во 23 часот и 52 минути.

Во Ниш пеш, со трчање и на велосипеди уште од синоќа пристигнаа студенти од Белград, Нови Сад, Крагуевац, Краљево, Ужице, Чачак, Бор, Бујановец и други српски градови, а  денеска се очекува да им се придружат и поголем број граѓани.

Студентите во Србија почнаа со протести, блокади и дефинираа четири барања по уривањето на настрешница на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени. Блокадите и протестите се интензивираа откако на 22 ноември во Белград беа нападнати студентите на Факултетот за драмски уметности за време на 15-минутната блокада. На студентите им се придружија и наставниците, адвокатите и граѓаните.

Студентите бараат објавување на целосна документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад; отфрлање на обвиненијата против студентите и младите уапсени и приведени за време на протестите поради уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад; поднесување кривични пријави против напаѓачи на студенти и професори и нивно гонење и зголемување на средствата од српскиот буџет за материјални трошоци на државните високообразовни институции за 20 отсто.

Студентите тврдат дека ниту едно нивно барање не е исполнето. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
Следна Статија За верниците од исламска вероисповед денес започнува Светиот месец “Рамазан“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

ЕК утре ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за прием во Еврозоната

Европската комисија утре се очекува да го објави т.н. Извештај за конвергенција, во кој ќе биде содржана процена за тоа…

June 3, 2025
БАЛКАН

Хил: САД ќе се обидат да му кажат на Балканот сам да си ги решава проблемите

Поранешниот амбасадор на САД во Србија Кристофер Хил смета дека завршило времето кога „една балканска земја може да отиде во…

June 16, 2025
БАЛКАН

Поскапуваат патарините во Србија

Цените на патарините во Србија се зголемени и важат само за патнички возила, а објавата е поместена во Службен весник.…

January 3, 2026
БАЛКАН

Поевтинуваат горивата во Србија, Владата ги намали акцизите

Српската Влада вчера донела одлука за намалување на акцизите за нафтените деривати за 20 отсто, јавува РТС. Ова значи дека…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?