Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната
СВЕТ

Зеленски: Им веруваме на САД, веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната

Објавено October 18, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Им веруваме на САД, веруваме дека претседателот Доналд Трамп сака да ја заврши војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција по средбата со американскиот шеф на државата во Белата куќа.

Зеленски ја опиша средбата со Трамп како продуктивна.

Украинскиот лидер одби да даде каква било изјава во врска со потенцијалната испорака на ракети „Томахавк“ од САД во Украина.

„Разговаравме и за ракети со долг дострел и нема да давам никакви изјави за ова прашање. Решивме да не зборуваме за ова бидејќи САД не сакаат ескалација“, објасни Зеленски.

Кога беше прашан дали има оптимизам во врска со добивањето на ракети „Томахавк“, Зеленски одговори дека гледа на работите реално. Украинскиот лидер го изрази своето мислење дека Русија се плаши од ракетите „Томахавк“ бидејќи знае што можат да постигнат со нив, во комбинација со другите системи за оружје на Украина.

Украинскиот претседател рече дека тој и Трамп разговарале за прашања поврзани со системите за воздушна одбрана.

Зеленски посочи дека не разговарал со Трамп за украинските напади врз руските енергетски објекти.

Украинскиот претседател, исто така, нагласи дека е подготвен за билатерални или трилатерални средби, за какви било формати што можат да придонесат за брзо постигнување мир. Зеленски рече дека разговарал со Трамп за безбедносните гаранции за Украина. Тој истакна дека Трамп разбира дека најтешките прашања во какви било потенцијални разговори за Украина ќе бидат територијалните прашања.

Зеленски, исто така, рече дека по средбата со Трамп, разговарал со стратешките партнери на Украина.

Украинските медиуми објавија дека по средбата со Трамп, украинскиот претседател разговарал со европските лидери.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мареска потврди дека Палмер ќе паузира уште шест недели
Следна Статија Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Државен функционер од партијата на Зеленски снимен како лежи над куп пари: уапсен со мајка му

Државното биро за истраги во Украина објави видео од службеник на пензискиот фонд како лежи на кревет над куп готовина,…

October 10, 2024
СВЕТ

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе…

September 8, 2025
СВЕТ

Шолц пред состанокот во Париз повика на европско единство за поддршка на Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц ја повика Европа да се обедини за поддршка на официјален Киев, неколку часа пред пристигнувањето во…

February 17, 2025
СВЕТ

Израелската влада го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот и размена на заложници

Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и…

January 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?