Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува
СВЕТ

Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува

Објавено January 12, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше Украина како несигурен партнер и рече дека е уморен од нејзиниот претседател Володимир Зеленски кој патува низ Европа „молејќи и уценувајќи“.

Фицо ова го кажа во говор во собраниска комисија, а видеото го објави на својата Фејсбук страница, пренесува Кликс.

Словачката опозиција свика седница на парламентарната комисија и побара Фицо да ја објасни средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин и да каже кои се следните чекори на Словачка во однос на прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина.

Фицо изјави дека се подготвени две решенија за транзит на гас од Украина во Словачка, со кои наводно се согласил и украинскиот премиер Денис Шмихал.

Еден од нив требаше да биде договор меѓу Русија и Азербејџан, што ќе и овозможи на Словачка да добива гас од Азербејџан, но Фицо рече дека Зеленски го нарушил тој договор.

Втората опција е предлогот матичната компанија СПП да основа подружница на руско-украинската граница, за да може гасот да се транспортира до Словачка преку Украина.

Фицо го нарече украинскиот претседател несигурен и рече дека му е „дојден преку глава“. -Зеленски оди низ Европа, само проси и уценува барајќи пари. Едноставно мора да престане“, рече тој.

Од друга страна, додаде тој, Русија отсекогаш била сигурен партнер во снабдувањето со енергенси. -За разлика од Украина, Русија никогаш не не измами.

Се сеќавам на ситуацијата во 2009 година кога бев во Украина и побарав од украинската премиерка Јулија Тимошенко да ни даде малку гас од резервоарот во западниот дел на Украина и тогаш ми беше кажано да  одам по ѓаволите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Платите во администрацијата се мали, вели Минчев, но бараните 30 отсто се преголема сума
Следна Статија Вредеше 63 милиони евра и играше за Реал, сега никој не го сака ни бесплатно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Камала Харис за акцијата: Не станува збор за дрога или демократија, станува збор за нафта

ПОРАНЕШНАТА потпретседателка на САД, Камала Харис, на социјалната мрежа X објави дека акциите на САД во Венецуела биле нелегални и…

January 4, 2026
СВЕТ

Најавена е изградба на голем гасовод што ќе ги поврзува Русија и Кина

Договор меѓу лидерите на Русија, Кина и Монголија резултираше со потпишување на правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Моќта…

September 2, 2025
СВЕТ

Зеленски го разреши Сирски од функцијата врховен командант на украинската армија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Олександр Сирски од функцијата врховен командант на вооружените сили и за негов наследник го…

July 22, 2026
СВЕТ

(Видео) Зеленски и Венс се сретнаа за првпат по жестоката кавга во Белата куќа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со американскиот потпретседател Џ.Д. Венс во Ватикан за првпат по нивната расправија во Белата…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?